Ако сте решиле да инвестирате во дизајн на надворешниот простор околу вашата градба или барате оригинално решение, погледнете ги можностите што ги нудат комби-форматите.

Ако сте решиле да инвестирате во дизајн на надворешниот простор околу вашата градба или барате оригинално решение, погледнете ги можностите што ги нудат комби-форматите.
Производите понудени во комбиниран формат се изработени за најголема флексибилност во поглед на просторот што ќе се поплочува.
Тимот на Semmelrock ја разбира потребата од посебен пристап при креирањето на секое катче, во зависност од неговата функционалност и токму затоа палетата на производи вклучува голема разновидност на комбинирани формати со модерен дизајн, погодни за зони со различно оптоварување. Без разлика на тоа дали барате бехатон или плочки за патеки, тераса, веранда, за деловите околу базенот, скарата или приодот кон домот, комбинираните формати со разновиден изглед и оригинален дизајн ќе создадат комфор и пријатност во вашето омилено место на отворено.
Составени од елементи со различна големина и со ист изглед на површината, комбинираните формати овозможуваат да бидат редени на многу начини, а притоа да се постигне изедначеност во однос на изгледот.
Секој елемент е направен во складност со димензиите и форматите на останатите, така што сите елементи од серијата се вклопуваат во една целина, како што е предвидено. Со менување на местото и насоката на различните елементи, може да се покрие секоја површина, со тоа што главната предност е минимизирањето на фирата поради варијабилноста на секој од форматите.
Комбинираните формати го откриваат потенцијалот на површината, давајќи ѝ индивидуален карактер и идентитет. Тоа отвора можност за мноштво креативни решенија во зависност од намената на објектот.
Секоја естетска желба може да биде задоволена преку повторување на одредени геометриски форми или со уметничко поставување на разни комбинации на разни димензии.
Сè поголемата палета на производи што се произведуваат во комбиниран формат дава и поголеми можности за димензии, максимално блиску до потребите на секој клиент и специфичните димензии на секој објект.
Во зависност од тоа дали во вашиот проект преовладуваат строго геометриски линии или пејзажно оформени пространства со присуство на заоблени и кружни форми, нашата палета на производи е подготвена да одговори и на најголемите барања за надворешно уредување.
За да постигнете идеална завршница околу поплочените делови, можете да ги фиксирате со алуминиумскиот профил Steinfix, со кој ќе добиете оптимално ценовно решение и брзо време за поставување.
Директното преминување кон тревникот, декоративните камења или мулчот ќе овозможи совршен изглед, но и идна лесна поддршка за косење или оформување на деловите околу павер-елементите.
На тој начин ќе го избегнете градењето на бордури, кои не само што се потешки за поставување, туку повлекуваат и трошоци за поставување бетонска основа и примена на решенија кои го отежнуваат и дополнително го поскапуваат целиот процес.
Применете ги иновативните решенија и откријте го потенцијалот на вашиот простор, користејќи ги мноштвото наброени предности на комби-форматите.
Контактирајте ги нашите претставници за продажба!
Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу
Не ги пропуштајте најновите вести од нас