Нашата фабрика во Виница претставува еден од најзначајните индустриски капацитети во регионот, со традиција подолга од еден век.
Нашата фабрика во Виница претставува еден од најзначајните индустриски капацитети во регионот, со традиција подолга од еден век.
Историјата на производство на глинени производи во регионот на Виница е долга повеќе од 18 века, за што зборуваат старите теракотни икони пронајдени на Виничкото кале.
Организираното индустриско производство на местото каде што е денешната фабрика почнало пред повеќе од сто години, првично на рачен и примитивен начин. Во тоа време годишно се произведувале околу 1 милион парчиња ќерамиди и 1 милион тули, со природно сушење и печење во кружни печки.
Фабриката првично била позната како „Црепана“, а во 1947 година е формирана државната фабрика ИГМ „Пролетер“. Првата голема инвестиција доаѓа во 1971 година, кога производството значително се зголемува. Во 1986 година е изградена тунелска печка, а во 1989 следува уште една голема инвестиција со цел зголемување на капацитетот на производството на ќерамиди.
Клучен пресврт за фабриката се случува во 2001 година, кога австриската групација „Тондах“ станува мнозински сопственик. Во 2004 година започнува со работа новата, целосно автоматизирана фабрика за ќерамиди. Од 2014 година, пак, „Тондах“ станува дел од групацијата „Винебергер“, со што фабриката во Виница станува дел од една од најсилните европски индустриски групации во областа на градежништвото.
Во 2020 година се реализира првиот голем проект за автоматизацијата – автоматско полнење на ќерамидите во касети, а следниот чекор е имплементација на производство во H-касети.
Денес фабриката во Виница располага со две производствени линии, од кои едната е за ќерамиди а другата за дополнителни елементи.
За производство на глинените ќерамиди во фабриката се користи домашна глина, која била снабдувана од локалните наоѓалишта на глина во околина на фабриката.
Производственото портфолио на денешната фабрика во Виница вклучува три типа на ќерамиди: Contiton 12, Traditon 12 и Sensaton 12, како и дополнителните покривни елементи што одат со секој од нив. Производите се достапни во пет енгоби: црвена, кафеава, медена, црна и зелена.
Во пeриодот од 2022 година наваму во фабриката се реализирани повеќе значајни активности, како што се тестирање на нови глинени мешавини, континуирано подобрување на цврстината на ќерамидите, оптимизација на процесот на енгобирање, инсталација на мерни инструменти за следење на потрошувачката на гас и електрична енергија...
Сопствените резерви на глина, модерната технологија и силната поддршка од групацијата „Винербергер“, фабриката во Виница ја прават стабилен и стратешки важен производствен центар.
Визијата за развој и унапредување е јасна, затоа што цврста е и нашата трајна посветеност на мисијата за обезбедување супериорни природни производи за квалитетно домување.