Macedonian Terracotta icons

Виничките теракотни икони – наше непроценливо богатство

Квалитетната виничка глина, која денес се користи за производство на ќерамидите Тондах, некогаш била главен материјал за изработка на теракотните икони – непроценливо богатство од македонското културно наследство. 

Image
Виничко Кале

Виничкото кале е археолошки локалитет, кој се наоѓа југозападно од градот Виница, каде што се откриени остатоци од урбани населби од времето на неолитот до античкиот и старохристијанскиот период. Големите ископувања на овој локалитет почнуваат во 1985 година, кога археологот Цоне Крстевски нашол пет фрагменти од теракотни релјефи со иконографски претстави.

Како што ќе се открие подоцна, тие фрагменти биле делови од глинени плочки, кои датираат од 3 до 7 век, денес познати како винички теракотни икони. 

Уметноста на виничките грнчарски мајстори

Теракотните икони биле плочи изработени од глина, моделирани со помош на калап, со кој на предната страна биле изведувани релјефни претстави со одредена иконографска содржина.

Се смета дека овие икони биле изработувани во грнчарски работилници, каде што работеле умешни мајстори-скулптори во рамките на виничката населба. Тие ги користеле благодатите на првокласната глина од мноштвото глиништа во околината за да ги задоволат барањата на нарачателите на уметнички дела. Така, најстарите откриени плочи толкуваат стари легенди од митологијата, како на пример онаа за божествениот Ахил. Оваа легенда е претставена на една од плочките, на којашто на латински е испишано и името на јунакот.

Користејќи ја уметноста на грнчарските мајстори, високообразованите теолози меѓу домашното население нашле плодна почва за ширење на христијанството. Отпрвин, теракотните икони со христијанска содржина веројатно биле користени за украсување на ѕиданите гробници, затоа што уште немало храмови, како и за богослужба – преку нив се презентирале основните постулати на новата религија.

Сепак, најбројната збирка теракотни икони се смета дека припаѓа на периодот од 6 до 7 век, кога за потребите на големата базилика на Калето биле нарачани поголем број теракотни икони. Овие икони, всушност, биле и последните што биле изработени во виничките скулпторски работилници, затоа што по овој период целосно им се губи трагата.

Досега откриената збирка содржи 52 цели теракотни икони и стотина фрагменти, различни по големина и зачуваност, со 20 поединечно претставени теми. Меѓу нив се претставите на: св, Теодор Драконоубиец кој јава на коњ, архангелот Михаил, св. Христифор и св. Ѓорѓи, Даниил меѓу лавовите, Елен кој пие вода, Бик, Лозова пенушка со птица на неа и лав и срна долу, Јошуа и Калеб, Константиновиот крст, Композиција со голема ѕвезда, Бизон итн. 

Виничката напредна средновековна технологија

за изработка на теракотните икони

Технологијата за изработка на теракотните икони и во тој среден век била прилично комплицирана. Мајсторот-скулптор изготвувал матрица, која можела да биде изрежана во цврста дрвена штица или моделирана како позитив-релјеф во глина. Од таквиот позитив се изработувал негатив, повторно во глина. Негативот се печел за да добие цврстина, а потоа матрицата во негатив се вметнувала во калап што бил исполнуван со многу добро измесена и прочистена глина. Откако таа фаза од работата била завршена, од калапот се вадела плочата со релјефот и се распостилала на земја за да се суши на сонце. По завршеното сушење, плочите се ределе во специјална печка која била направена за таа намена, каде што се печеле на висока температура. 

Глинено богатство со непроценлива вредност

на македонската археологија

Теракотните икони од Виница се вбројуваат меѓу најексклузивните наоди во историјата на македонската археологија. Нивните непроценливи археолошки, уметнички и теолошки вредности ги имаат однесено низ многу земји од светот (Србија, Хрватска, Словенија, Германија, Италија, Полска, Турција, Франција, Русија, Холандија, Шпанија, В. Британија...), каде што преку нив се претставуваат историјата и културата на нашата земја.

Овие единствени артефакти од ваков тип на Балканот, денес се дел од збирката на Музејот на градот Виница. Тие остануваат вечен траг за мајсторството на виничките грнчари и нивниот придонес за тогашната, а и за денешната наша култура. 

Ednash Tondach landing page

ПРОМОТИВНО

Побарај ваучер од 100 евра за твојот нов покрив

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба