Тулите Wienerberger се произведуваат во модернизирани и автоматизирани погони. Тулата се добива со мешање на глина, силикатен песок и струготини во размер 3:1:1.

Тулите Wienerberger се произведуваат во модернизирани и автоматизирани погони. Тулата се добива со мешање на глина, силикатен песок и струготини во размер 3:1:1.
Wienerberger инвестираше во модернизација на технологија и во зголемување на квалитетот и капацитетот на производство. Денес Wienerberger произведува тули со висок квалитет и со специфични својства. Winerberger го произведува системот Porotherm, кој со своите одлични топлински својства и својствата против земјотреси е уникатен производ на пазарот.
За производство на тулите користиме три основни суровини: глина, песок и струготини, кои ги вадиме од блиските наоѓалишта.
Глината ја вадиме од сопствените наоѓалишта, каде што се ископува од април до јуни, поради временските услови и од каде со камиони се пренесува и се складира во депото на погонот. Песокот исто така го вадиме од сопствени наоѓалишта, додека струготините ги набавуваме од пиланите.
Струготините се додаваат затоа што го намалуваат стегнувањето, а со тоа и деформирањето и пукањето на производот, а воедно и го намалуваат времето на сушење и потребната енергија, затоа што создаваат дополнителна топлина со согорувањето. По горењето на струготините, во глинениот производ остануваат микрошуплини и тој е порозен.
Токму тоа својство придонесува за отпорност на тулата на премин на топлина.
Процесот на производство почнува со мешање на суровините во размер 3:1:1. Глината најпрво се навлажнува, се меша и се потиснува во вакуум преса.
Од пресата излегува бесконечна лента која се сече со затегнати жици.
Таквата сурова тула се поставува на вагони за сушење и се остава да одлежи во сушарница.
Сушењето на тулата се одвива во тунелска сушарница, а се врши со жежок воздух. Тулата се пече во тунелска печка. Печката е градена на систем на тунел со двојни ѕидови. Времето потребно за минување на производите низ печката е од 20 до 25 часови.
Количеството на испечени производи е 60 вагони дневно.
Готовата стока се сортира, се поставува на палети и се пакува. Пакувањето се врши автоматски со навлекување фолија.
Складирањето на стоката се врши во три реда еден до друг. Така спакуваната стока е заштитена со термофолија и не впива вода од дождовите, ниту има други проблеми со атмосферските влијанија.
Производите Wienerberger се со највисок квалитет што се контролира во текот на целиот производствен процес. Затоа тулата Wienerberger e најдобриот избор. „Тула. Создадена по мерка на човекот.“
Претплатете се на нашиот њуслетер и бидете први што ќе ги дознаете најновите вести, производи, игри, итн.
Се што ви треба е да го внесете вашето име и е-пошта!