Man and woman sitting on garden bench in front of brick-lined façade

Нашата мисиjа

Нашата цел е да создадеме трајни вредности со природни производи. Испорачуваме одржливи градежни материјали и инфраструктурни решенија за подобар квалитет на животот и ги исполнуваме нашите цели во согласност со еколошките, општествените и финансиските критериуми. Тоа е така, затоа што сакаме да создадеме вредност за сите засегнати страни.

  • Квалитетот на домувањето и сигурноста на нашите клиенти се наша цел.

Нашата цел е да создадеме трајни вредности со природни производи: доживотен квалитет на домувањето и сигурност за нашите клиенти, солидна инвестиција за акционерите и атрактивно работно место за вработените. Притоа, сериозно ја сфаќаме улогата на член на општеството, свесен за одговорноста и го насочуваме нашето дејствување кон економските, еколошките и социјалните аспекти – за и во иднина да бидеме успешни.

  • Се концентрираме на оние подрачја во кои сме најдобри.
Male and female architect at office desk in their studio examining the surface of a clay roof tile
Architects at office desk in their studio examining the surface of a clay roof tile

Јадрото на нашето работење е производството на тула, чиј квалитет и исплатливост секогаш можат да се докажат. Градењето со тула е високоекономична и еколошки ориентирана инвестиција за иднината. Тежнееме кон постојан развој на производите кои ја рационализираат потрошувачката на енергија со употребата на технологија што не влијае штетно на околината.
 
Ја градиме нашата иднина на цврстите темели на искуството и знаењето, кои се засноваат на долгогодишната традиција на компанијата. Нашиот успех го сочинуваат нашите акционери кои се однесуваат и дејствуваат како претприемачи. Тежнееме кон постојан развој на производите што ја рационализираат потрошувачката на енергија со употреба на технологија што не влијае штетно на околината. Ние сме мултикултурна компанија, ги негуваме односите и профитираме од синергијата на нашата мрежа. Секогаш го ставаме човекот во центарот на нашето дејствување.
 
  • Нашето мото е одржлив развој.

Нашето мото е одржлив развој и нашето дејствување со децении го насочуваме вез основа на еколошките, економските и социјалните критериуми.

Со потпишувањето на Светскиот договор на ОН во 2003 година, службено ја признавме општествената одговорност на компанијата: активно се заземаме за етичко однесување на компанијата и се грижиме за реализацијата на десетте основни принципи на Договорот на ОН за „Good Corporate Citizenship“ во нашата компанија. 

Male and female project manager collaborating in front of computer screen at office

Пријава за Newsletter

Претплатете се на нашиот њуслетер и бидете први што ќе ги дознаете најновите вести, производи, игри, итн.
Се што ви треба е да го внесете вашето име и е-пошта!