200 години иновации

„Винербергер“ е најголемиот производител на тули во светот и со своите речиси 200 производствени погони во 30 земји, ги држи водечките позиции на пазарите на ќерамиди во Европа. Дејноста на „Винербергер“ ги покрива сите процеси, од екстракција на глина, производство, сертификација на производи до трговско и техничко советување. Преку висококвалитетните керамички ѕидови Porotherm и покривните системи Tondach, ние ги носиме нашите решенија насочени кон иднината во форма на градежни материјали со убедлив квалитет. 

Ѕид Porotherm

Керамичките блокови Porotherm се решенија кои се енергетски ефикасни, модерни и пријателски настроени кон околината. Ѕидовите изградени со нив гарантираат трајна и здрава микроклима и безбеден дом и за идните генерации.

Покрив Tondach

Ќерамидите Tondach се природен производ без хемиски адитиви, достапни во повеќе дизајни и бои. Погодни се за сите типови покриви и секоја плочка има соодветни додатоци, кои го прават покривот комплетен. 

Покривни прозорци Tondach

Со покривните прозорци Tondach, вашиот поткровен простор ќе ве воодушеви со свеж воздух, природна светлина и здрава микроклима. Со покривниот систем Tondach, брзо и лесно ќе изградите совршен покрив, што истовремено ќе гарантира трајна вредност и безбедност на објектот.

Фасада Terca

Фасадната тула Terca прави дополнителен слој на ѕидот, кој го штити од атмосферските влијанија, а во исто време решенијата за фасадните тули овозможуваат исклучителна креативна слобода при дизајнирањето. Градбите од тули имаат вечна убавина, неповторлив карактер и шарм. 

Откријте ја вашата инспирација

Размислувате да си изградите свој сопствен дом? Тука можете да најдете инспирација преку различни завршени проекти низ Европа. 

Новости

Male and female project manager collaborating in front of computer screen at office

Пријава за Newsletter

Претплатете се на нашиот Newsletter и бидете први што ќе ги дознаете нашите најнови вести, производи, статии и промоции.
Се што треба е да го внесете вашето име и е-пошта.