Obiteljska kuca Kobiljaca

Кога есента ќе затропа на покривот

Добриот покрив e дел од домот во кој сакаме да се чувствуваме сигурно и спокојно во секое годишно време, но особено кога е постудено. 

Image
Tondach покрив

Есенските дождови, силниот ветер и паднатите лисја се потсетник дека природата го менува својот ритам, а со неа и потребите на нашиот дом. Деновите стануваат пократки, температурите опаѓаат, а покривот добива важна задача – да ја зачува топлината, сигурноста и удобноста во домот, без оглед на временските услови.

Есента е вистински период за да провериме дали нашиот покрив е подготвен за студените месеци. Токму затоа, септември и октомври се месеци кога се организира градење на нови или реновирање на стари покриви со цел навремена подготовка за зимата. 

Есенска проверка за мирна зима

проверка на покривот

На есен дождовите се обилни, а паднатите лисја на покривот можат да ги затнат олуците и одводните цевки, попречувајќи го непреченото истекување на дождовницата. Кога водата се задржува на несоодветни места, се зголемува ризикот од создавање влага, гниење и оштетување на покривната конструкција. Затоа, чистењето на олуците е една од најважните есенски задачи во врска со покривот.

Внимание треба да се посвети и на состојбата на ќерамидите, споевите и покривните прозорци. Напукнати или поместени ќерамиди, како и траги од влага на таванот, можат да бидат знаци дека е потребна интервенција. Навременото откривање на проблемите помага да се избегнат посериозни оштетувања и непотребни трошоци во иднина.

Кога ветерот го става покривот на испит

предизвици за покривот

Дождот не е единствениот предизвик за покривот. Силните налети на ветер можат да ги поместат ќерамидите и да отворат места за проток на вода.

Токму затоа е важно покривот да биде изграден како целосен систем. Природните глинени ќерамиди, паропропусната фолија со вентилациски ленти и дополнителните елементи, како што се сите од Tondach, имаат различни, но меѓусебно поврзани функции, кои му овозможуваат на покривот да дише.

Но, исто така, кога се правилно избрани и монтирани, тие придонесуваат за подобра заштита од силните ветришта, како оние што носеа покриви во повеќе градови летово. 

Топлината дома почнува од добрата подготовка

функционалноста е важна

Со доаѓањето на постудените денови, расте потребата од загревање на домот. Добро изолираниот и правилно изведен покрив помага да се намалат топлинските загуби и да се одржува попријатна температура во просториите.

Притоа, соодветната вентилација и контролата на влагата се важни за да се намали ризикот од кондензација и да се зачува функционалноста на конструкцијата.

Ако е потребна поправка или реновирање, есента може да биде погоден период за планирање на работите, зависно од временските услови и препораките за монтажа на материјалите. Стручната проценка помага да се утврди кои интервенции се неопходни и како најдобро да се изведат пред зимата.

Дом подготвен за сè што доаѓа

Грижата за покривот не треба да почне дури кога ќе се појави првиот проблем. Редовното одржување и навремените проверки, исто како и изборот на квалитетни материјали при неговото градење или реновирање, се инвестиција во сигурноста и долговечноста на домот.

 

Оваа есен, ако сте заклучиле дека состојбата на вашиот покрив е лоша и е неопходно реновирање или ако планирате да градите нов покрив, искористете ги поволните денови за да направите сигурен Tondach покрив.

Затоа што добриот покрив e дел од домот во кој сакаме да се чувствуваме сигурно, топло и спокојно – во секое годишно време.

email, chat and telephone symbols

За цени и набавка

Контактирајте ги нашите комерцијални претставници

Блог објави

Продажба