Комплетен покрив. Едно име.

Tondach glineni crijep na vili s bazenom
Tondach ravni glineni crijep na modernoj kući u šumi - bijela boja, ptičja perspektiva

Tondach - глинени ќерамиди за долготраен покрив

Глинените ќерамиди Tondach  се изработени од природна печена глина и траат повеќе од 50 години без да им е неопходно одржување. Достапни се во различни модели и бои, соодветни за сите стилови на градби и типови на покриви со гаранција од 33 години и целосна покривна опрема. 

  • Се произведуваат и во Македонија
  • Отпорни на ветришта, бури, мраз и УВ-зрачење
  • Суво вградување без малтер
  • Достапни во складиштата низ цела Македонија

Најбараниот модел на ќерамидите Tondach

Глинените ќерамиди Tondach се достапни во повеќе модели, кои одговараат на секој вид архитектура – модерна или традиционална. 

Contiton 12 - најбараниот модел на ќерамида

Contiton 12 е македонска глинена ќерамида, која е создадена за нашите домови и климатски услови.  Оваа година ја произведовме редизајнираната и подобрена Contiton 12, која е нашата најцврста ќерамида досега. 

✔ Подобрен механизам за заклучување
✔ Дополнителни канали за одвод на вода
✔ Поголеми и поцврсти ребра
✔ Подобрен визуелен изглед

Покривот како целосно системско решение

Целата покривна опрема на едно место

Квалитетниот кос покрив не се состои само од ќерамиди. Потпокривната конструкција, покривната фолија и дополнителната опрема заедно одредуваат колку покривот навистина ќе трае. Системските решенија за покрив Tondach се проектирани како усогласена целина каде што сите компоненти меѓусебно се тестирани и се сертифицирани. 
 

Како до покрив во три чекори?

Odabir modela crijepa

Изберете го моделот на ќерамиди

Разгледајте ги моделите и изберете ги ќерамидите што одговараат на вашиот стил на куќа, косината на покривот и климатските услови. 

Kalkulator za izračun količine crijepa

Пресметајте ја количината на материјали

Калкулаторот Tondach дава брза проценка за едноводен, двоводен, четириводен и покрив во L-форма. 

Stručna preporuka rješenja crijepa

Контактирајте ја техничката поддршка

Побарајте го комерцијалистот од вашиот регион и ќе добиете информации и контакт од продажно место во ваша близина. 

Линии на ќерамиди Tondach

Во богатото портфолио на Tondach се издвојуваат четири линии на глинени ќерамиди за четири различни стилови на градба, климатски поднебја и типови на покриви:

Модерна линија

Рамен модел на ќерамиди за современа архитектура.

 

Континентална линија

За континентална клима и класична градба.

Медитеранска линија

Брановиден модел за крајбрежна и традиционална градба.

Ретро линија

Бибер ќерамида - безвременски изглед што трае.

ProPlus програма за изведувачи

ProPlus е програма за лојалност за изведувачи на покриви кои работат со системите на Винербергер.

  • Собирање поени со градење системи Tondach
  • Замена на поените за награди
  • Специјални поволности за изведувачите

Често поставувани прашања

Ова се најчесто поставуваните прашања од инвеститорите и изведувачите што имаат стигнувано до нас. Можеби и вие се прашувате за истите работи, па погледнете ги нашите одговори на нив.

Системската опрема овозможува правилна вентилација, заштита од влага и временски непогоди и технички исправна изведба на сите детали на косиот покрив. Без неа глинените ќерамиди не можат долгорочно правилно да функционираат. Секој елемент од системот има своја улога, а заедно сочинуваат покрив што трае. 

Покривна паропропусна фолија, вентилациски елементи за стреа, билни ќерамиди, заштитни решетки за птици, вентилациска лента за било/гребен, капак, завршни ќерамиди, вентилациски ќерамиди, закопчувалки за ќерамиди, снегобрани итн. Секој од овие елементи решава конкретен проблем – од спречување влага и кондензација, до заштита од снег и невреме.

Изборот зависи од косината и формата на покривот, моделот на ќерамидите Tondach и техничките барања на проектот. Особено е важно да се води сметка за вентилацијата, заштитата од невреме и правилната изведба на сите отвори. Ако не сте сигурни која комбинација е најдобра за вашиот покрив, нашиот технички тим е достапен за консултација во сите фази од планирањето и градбата.

Глинените ќерамиди се основна покривка, но сами по себе тие не се доволни. Вентилацијата на покривот, непропустливоста на местата каде што може да влезе вода и прицврстувањето на ќерамидите за непоместување при силни налети на ветер – сето тоа зависи од правилно вградената системска опрема. Без неа покривот технички не е комплетен. 

Да, можат. Закопчувалките за прицврстување на ќерамидите Tondach се вградуваат без вадење на ќерамидите и без посебен алат. Дејствуваат како пружина – ја прицврстуваат ќерамидата за дрвената потконструкција при ударите на ветрот, а благодарение на флексибилната врска истовремено го спречуваат пукањето на ќерамидите. Трошокот за вградување закопчувалки е повеќекратно понизок од трошокот за санација на покривот оштетен од невреме. 

Малтерот го затвора вентилацискиот канал во билото и спречува излегување на топлиот и влажен воздух од потпокривниот простор што директно предизвикува кондензација и оштетување на конструкцијата. Билните ќерамиди Tondach се монтираат со суво вградување на закопчувалки кои ги држат цврсто, а вентилацискиот отвор останува слободен. Покрај тоа, сувото вградување е побрзо и поедноставно и не бара дополнително одржување. 

Вентилацијата функционира на принципот на природно струење. Ладниот воздух влегува преку вентилациските елементи на стреата, преминува преку вентилацискиот канал под покривот и излегува низ вентилациските отвори во подрачјето на билото и гребенот. За оптимално струење дебелината на контралетвите треба да изнесува најмалку 5 cm. На покривите со косина помала од 25° задолжително во половина распон се поставуваат вентилациски ќерамиди за да се осигура доволно струење на воздух.

Густината на стариот снег може да изнесува и до 300 kg/m² – неконтролираното лизгање од покривот е опасно по живот и може да уништи олуци, возила и сè што ќе се најде под него. Снегобраните се поставуваат во густ распоред над секој покривен отвор, а во деловите со поголемо снежно оптоварување се препорачува нивниот број на квадратен метар да се зголеми.

Покривната фолија е повеќеслојна мембрана која од горната страна не пропушта вода, а од долната пропушта водна пареа од внатрешноста на објектот кон надвор. Паропропусната фолија што ја нуди Tondach е клучна токму поради таа друга функција: ја спречува кондензацијата во покривната конструкција. Класичните фолии без паропропусност ја задржуваат влагата, што постепено доведува до гниење на дрвената конструкција и предизвикува појава на мувла опасна за стабилноста на целиот покрив.

Универзалните елементи постојат, но носат ризик за неусогласеност со ќерамидите и пократок век на траење. Оригиналната опрема Tondach е изработена од истиот материјал како и ќерамидите Tondach – имаат иста боја, енгоба и трајност. Применлива е за сите косини на покрив, отпорна е на УВ-зрачење, на сите временски услови и не бара дополнително одржување.

CONTACT US, Hand of Businessman holding mobile smartphone with ( mail,phone,email ) icon. customer support concept, copy space.

Имате дополнителни прашања?

Контактирајте не слободно и со доверба. Ние сме отворени за соработка.

Продажба