MK_MKT_PHO_LANDING_PAGE_REDESIGN_CONTION_12_

Најцврста досега: редизајнираната ќерамида Contiton 12 

По долго време тестирање, работење на сите можни детали и со упорност каква што само може да се замисли, стигнавме до редизајнираната ќерамида Contiton 12, за која тврдиме дека е најцврстата во својата категорија.

Factory in Vinica for Roof tiles production
Фабрика за ќерамиди во Виница

Еден од главните постулати во работењето на „Винербергер“ е постојаното подобрување на секое поле. Со цел унапредување на квалитетот и перформансите на нашите најбарани производи, македонската ќерамида Contiton 12 доби внимателно осмислен редизајн.

Тој носи значајни технички, функционални и естетски подобрувања, притоа задржувајќи ја компатибилноста со претходната верзија на ќерамидите и со целиот покривен систем од Tondach.

Редизајнот на Contiton 12 е резултат на детална анализа на потребите на нашите клиенти и на инвеститорите – при ракувањето, поставувањето, транспортот и издржливоста на ќерамидите. 

Сите подобрувања во однос на претходниот дизајн се постигнати со внимателни интервенции во производствениот процес. 

Што е ново и подобро кај Contiton 12?

Листата на подобрувања е долга:

  • Подобрен механизам за заклучување кој обезбедува поголема стабилност при печењето во U-касетите и при палетизирањето, со што се минимизира искривувањето при печењето и можните оштетувања за време на транспортот.
  • Нов елемент за подобра стабилност во U-касетата, при што има помал број точки на допир  и се намалува можноста за деформации при печењето.
  • Дополнителни канали за одвод на вода, кои придонесуваат за побрзо одлевање на водата од секоја ќерамида.
  • Поголеми и поцврсти ребра за зголемена цврстина на ќерамидата при свиткување или притисок.
  • Подобрен визуелен изглед - со унапредување на смесата за производство на ќерамидата и со намалување на точките на допир во касетите при печењето, Contiton 12 изгледа подобро од кога и да е!

Поголема цврстина за помало искривување

подобра јакост на свиткување

Еден од најзначајните резултати од редизајнот е подобрената механичка цврстина на ќерамидата Contiton 12. Јакоста на свиткување е зголемена oд 1,6 kN на 1,9 kN. За споредба, според стандардот MKCEN 1304 минималното барање изнесува 1,2 kN, што значи дека Contiton 12 значително ги надминува пропишаните норми.

Во споредба со претходното производство, имаме подобрени вредности и на лабораториските мерења за искривување, што директно придонесува за полесна монтажа и подобар изглед на покривот.

Подобрено производство, пакување и логистика

покомпактно пакување

Редизајнот на производот оди рака под рака со модернизација на производствениот процес. За таа цел, воведовме нова роботска линија, со која се постигна да нема микропрекини на линијата, да нема оштетувања на ќерамидите од роботот и да добиеме подобра енгоба на ќерамидите.

Редизајнот донесе и покомпактно пакување во пакети од 6 ќерамиди со подобра стабилност. Како резултат на тоа, имаме поцврста и визуелно поуредна палета, помалку проблеми при транспорт и нема оштетени ќерамиди кај дистрибутерите.

Редизајнираната Contiton 12 претставува еволуција на овој веќе на големо докажан производ на нашиот пазар.

Со подобрената механичка цврстина, стабилноста, подобриот производствен процес и оптимизираната логистика, Contiton 12 сега нуди уште повисока сигурност и уште поголема додадена вредност – како за изведувачите, така и за инвеститорите.

Contiton 12 останува препознатлива и станува најцврстата ќерамида досега!

email, chat and telephone symbols

За цени и набавка

Контактирајте ги нашите комерцијални претставници

33 години писмена гаранција

За вградување на системско решение

Калкулатор за Tondach покрив

Бесплатна пресметка

Дознајте ја потребната количина на материјал за вашиот нов покрив.

🔗 Пресметај

Корисни објави

Продажба