Garancija od 33 godini
© Wienerberger DOOEL Vinica

Едноставно до гаранција од 33 години

Кога градите нов или реновирате покрив, важно е да размислувате долгорочно. Покрај изгледот, формата и бојата на ќерамидите, многу е важно да се обрне внимание и на функционалноста на покривот. Ние обезбедуваме долгорочна сигурност и функционалност на покривот со употреба на оригинална системска опрема за Tondach покрив.

Покривот изграден на правилен начин ќе биде безбеден долги години, а тоа ќе го потврди гаранцијата на Tondach за ќерамиди и керамичка опрема од дури 33 години обезбедена од Винербергер дооел Виница. Гаранцијата на Винербергер не е само уште еден маркетинг трик, туку и писмена потврда дека компанијата е посветена на тоа да биде ваш сигурен партнер во следните 33 години.

Да, добро прочитавте!

33 годишна гаранција за висококвалитетните ќерамиди Tondach

Иако законот пропишува многу пократок период за овој вид на производи, како потврда за врвниот квалитет на производите и системските решенија, се издава Tondach гаранција од 33 години.

Имајќи предвид дека Винербергер работи успешно повеќе од 200 години, очигледно е дека со гаранцијата за производите на Tondach, ќе можете мирно да спиете во вашиот топол дом со безбеден покрив над главата.

Како да добиете Tondach гаранција?

Едноставно!

Кога купувате и инсталирате системски решенија на Tondach, побарајте го нашиот комерцијален преставник задолжен за вашиот продажен регион за да ви издаде гаранција одобрена од Винербергер, на продажнотото место каде ќе направите набавка на производите.

Писмената гаранција ви обезбедува 33 години безбедност од моментот на купувањето.

Дополнително, стручниот технички тим на Винербергер ќе ви помогне прецизно да ја пресметате потребната количина на материјал и правилно да го инсталирате системот за покрив Tondach.

Доколку се појави одреден проблем во рок од 33 години од датумот на купување, слободно контактирајте не преку е-адресата office.mk@wienerberger.com со краток опис на проблемот или едноставно побарајте ги нашите комерцијалните претставници. Бидете сигурни дека ќе ве контактираме во најбрз можен рок за да го решиме вашиот проблем.

Construction worker with tablet computer, Fast Forward Commercial Excellence

Имате ли прашања за нас или за нашите производи?

 Контактирајте нè и ќе ви помогнеме!

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Најдете дистрибутер

Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба