Qendresa Home house with Contiton 12 red roof

7 ваши прашања, 7 наши одговори за новиот покрив

Квалитетниот покрив е најдобрата заштита и најисплатливата инвестиција за секој дом. Дознајте зошто решенијата на Tondach се вистински избор за вашиот нов покрив. 

Секојдневието на жителите во една куќа, ја полни со приказни, а нивните чувства ѝ даваат душа. Токму затоа, куќата не е само објект, туку жив организам што со генерации ја чува семејната историја.

Како што капата ја чува главата, така и покривот ја штити куќата од сите надворешни влијанија. Затоа, долготрајноста и сигурноста на покривот се клучни за безгрижно живеење без постојани поправки.

Сигурен, издржлив и естетски привлечен покрив е влог што многукратно се враќа гледано на долг рок. Ако сте на прагот да се впуштите во оваа животна инвестиција, ви подготвивме експертски одговори на 7 прашања од инвеститори, поврзани со изградбата на нов сигурен покрив.  

1. Како може да се продолжи животниот век на покривот?

Со вградување системска опрема, која се состои од елементи за проветрување на покривот, елементи за заштита од снег и со изградба на секундарен покрив како дополнителна заштита од продирање вода во просториите на вашиот дом. 

2. Зошто треба да се користат системски решенија при изградба на покрив?

За да добиете максимална можна заштита на вашиот дом, неопходно е да користите оригинална системска опрема Tondach, затоа што таа, заедно со ќерамидите Tondach, сочинува системско покривно решение погодно за сите поднебја. 

3. Што сè опфаќа системското покривно решение?

Системските решенија за покриви од Tondach се состојат од решенија за вентилација на покривот, решенија за заштита од снег, решенија за отвори во покривот, решенија за заштита на покривната конструкција од влага, решенија за изработка на секундарен покрив, решенија за заштита од ветер и системи за одење по покривот (со цел дополнително одржување на покривот или опремата на покривот).

Оригиналната опрема Tondach е дел од решенијата за покрив Tondach и во целост е компатибилна со сите ќерамиди Tondach. Со вградувањето на оригиналната опрема Tondach значително се продолжува векот на траење и сигурноста на покривот, а со тоа и сигурноста на жителите кои живеат во објектот. 

4. Кои производи е неопходно да се користат за да се осигура квалитетна вентилација на покривот?

За да се осигура соодветна вентилација на покривот нужно е да се обезбеди влез на воздух на стреата на покривот – со вградување на решетка Tondach и мрежа за птици Tondach, како и излез за воздухот под билото и во непосредна близина на билото и тоа со вградување на вентилациска лента за било и на вентилациски ќерамиди. Вентилацијата на покривот е исклучително важна, затоа што го спречува гниењето на дрвената потконструкција на ќерамидите и конструкцијата на покривот, а освен тоа го помага сушењето на покривот по обилни дождови и при топењето на снегот од покривот. 

5. Како да се избегне појавата на кондензација на покривната конструкција?

Со изградба на покрив што има вентилација. Со вентилацијата на покривот се спречува задржувањето на влагата во подрачјето под покривот, со што истовремено се спречува прераното распаѓање на покривната конструкција како последица на мувла и влага. 

6. Со оглед на зачестената појава на невремиња, на кој начин дополнително да се обезбеди покривот?

Најдобар начин за дополнително обезбедување на сигурноста на покривот при невремиња е вградувањето на копчи против невреме. Копчата против невреме ја прицврстува ќерамидата за дрвената потконструкција при дејствувањето на ветрот, а истовремено, со оглед на тоа што станува збор за флексибилна врска, го спречува пукањето на ќерамидата. 

7. Колку квалитетната покривна фолија може да влијае на накосеноста на покривот?

Многу! Покривните фолии се широка тема, но при изборот е најважно да се внимава на тежината на фолијата по м2, да биде колку што е можно попаропропусна, да биде топлински што поиздржлива... Во текот на сончевите денови во просторот под покривот се развива температура и до 100°C, при што поевтините и неквалитетните фолии се распаѓаат и ја губат својата функција. Доколку фолијата е поставена без лепење на споеви, сметаме дека имаме поставен базичен секундарен покрив. Во зависност од моделот на ќерамидите, со поставувањето на ваквата фолија, минималната накосеност на покривот може да се намали до 5°. Ако се вградува премиум фолија, како Tondach FOL-S или Tondach FOL-K, чии споеви се лепат, косината на покривот може да се намали и за дополнителни 3°.

email, chat and telephone symbols

За цени и набавка

Контактирајте ги нашите комерцијални претставници

Дали ви треба дополнителна помош?

За цени и набавка

Контактирајте ги нашите комерцијални претставници

Локации на дистрибутери

Пронајдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете сѐ за Newsletter

Не пропуштајте ги нашите промоции и новитети

Слични статии

Продажба