Луѓето во „Винербергер“ на иднината гледаат со желба да ја направат подобра. И тоа на секој план!
Од една страна, се грижиме за подобра иднина за нашиот свет. „Винербергер“ постојано вложува во обуки за заштита и безбедност при работата, во едукација и надградба на вработените. Исто така, една од долгорочните цели на компанијата е зголемување на процентот на жени и тоа на сите нивоа. Сите акциски планови што се прават се базирани на принципот на подеднакви плати за мажите и жените на исто работно место и еднакви можности за сите.
Од друга страна, се грижиме за подобра иднина на целиот свет. Нашите планови за раст и развој се прават врз основа на зацртаните цели за намалување на емисиите на јаглерод диоксид за 40% до 2030 година и за нивна целосна елиминација до 2050 година. Се префрлуваме на зелена енергија, ја подобруваме ефикасноста, го оптимизираме портфолиото и дизајнот на производите, работиме на нови рецептури и воведуваме нови технологии.
И сето тоа со една голема цел: да градиме подобра иднина, во која сите ние ќе имаме поквалитетен, побезбеден и посреќен живот.