Urban roofers passing on roof tile towards colleague working on the roof wearing safety jackets and hard hats
Family house in Elk Poland with Actua 10 roof tile
Woman at workplace holding tablet computer sitting next to standing man

Дополнителна сигурност со Tondach покривна опрема

Уживајте во безбедноста и долготрајниот квалитет на Вашиот покрив со сеопфатните и оригинални решенија на Tondach.

Елементи на целосен покривен систем

Покривот не се состои само од ќерамиди. Оригиналниот покривен систем на Tondach го сочинуваат висококвалитетни ќерамидикерамички и некерамички додатоци
Kерамички додатоци како што се ќерамиди со специфични функции вклучуваат: вентилациона ќерамидазавршна ќерамидапочетен капак, тројник, четвотникразделник на било итн. Примената на некерамички додатоци е исто така клучна. Дел од решенијата што Винербергер ги нуди се и покривната фолијалентата за вентилација под капаците на билотодржачи за капакдржачи за летвизаштитна решетка за птици, разни елементи за вентилацијапокривен прозор , метални снегобрани, шајка за почетен капакдржач за летва  итн.
Употребата на потребните додатоци за покривот ја гарантира неговата издржливост и сигурност. Вградувањето на  системските решенија на Tondach е едноставно и брзо со помош на бесплатната техничка поддршка од Tondach за нивно правилно вградување. Во комбинација со 33-годишната гаранција, обезбедувате трајна вредност за идните генерации.

Безбедност на поткровјето

Иновативните покривни фолии на Tondach се решението за секундарниот покрив. Покривните фолии се повеќеслојни мембрани кои од горната страна се водоотпорни, а од долната страна се пропустливи на пареа. Го спречуваат пробивањето на дождот, снегот и нечистотијата во просторот под покривот и на тој начин ја штитат топлинската изолација и покривната конструкција.

Покривните фолии се отпорни на УВ зрачење и обезбедуваат максимална безбедност и економичност. 

Осветлување на таванот и излез на покривот

Излезните покривни прозорци се идеално решение за природно осветлување на таванските простории. 

Покривни отвори

За постигнување на усогласен и технички исправен покрив, потребно е да се вгради, по мерка изработен, керамички прибор составен од флексибилен керамички отвор, манжетни и црево за вентилација кои нудат совршена заштита од невреме. Од надворешната страна, вентилацијата е дискретна и визуелно усогласена, додека од внатрешната страна технички подготвена за сите приклучоци, трајно непропустлива на вода и на ветер.

Сува монтажа на слемето и гребенот

Tondach нуди безбедни и сигурни решенија за слемето и гребенот на покривот, обезбедувајќи исклучително важна работа, а тоа е дишењето на покривот. Слемето и гребенот се вклопуваат во визуелниот идентитет на покривот, притоа решавајќи ги проблемите со влагата.

Заштита од влегување на птици

Вентилациониот елемент без чешел и мрежичката овозможуваат безбедност од влегување на птици од покривот. Елементите се интегрираат хармонично и незабележливо, без да се наруши изгледот на покривот.

Вентилација на покривот

Порозниот материјал и оптималниот проток на воздух го спречуваат задржувањето на влагата. Ќерамидите на Tondach се од глинен, порозен материјал кој прави дифузија на влагата и воздухот што содржи водена пареа од внатрешноста на објектот во атмосферата. На тој начин, вашиот објект буквално дише. Токму поради тоа, глинените ќерамиди се неспоредливо подобри од другите. Со каналите за проветрување се овозможува струење на воздухот од стреата кон билото, што е неопходно за сушење на надворешниот дел од покривот и за постојаност на температурата.

Construction worker with tablet computer, Fast Forward Commercial Excellence

Имате ли прашања за нас или за нашите производи?

 Контактирајте нè и ќе ви помогнеме!

Дали ви треба дополнителна помош??

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Најдете дистрибутер

Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба