Happy woman hand holding magnifying glass and looking at house model, house selection, real estate concept..

Сè за новиот покрив – вие прашувате, ние одговараме!

Ако наскоро планирате да градите нов покрив или да го реновирате стариот, периодов е како скроен за последни подготовки. Додека сонцето сè уште силно грее, од удобноста на вашиот дом, дознајте сè што е неопходно да знаете за вашиот нов покрив. 

Како професионалци кои повеќе од еден век се посветени на производство на ќерамиди и други материјали за градење, за да ви помогнеме при изборот, составивме список од најчестите прашања што стигнуваат до нас на тема нов покрив.

Па, повелете: 5 прашања од инвеститорите – 5 одговори од експертите за покриви од „Винербергер“. 

1. Кој е најдобриот материјал за покрив?

Одговор

Ќерамидите се секогаш најдобриот избор за вашиот покрив, затоа што се произведуваат од глина, која е природен материјал. Бидејќи се печат на многу висока температура, тие се исклучително цврсти и отпорни и при екстремни временски услови. Глинените ќерамиди се потешки од другите производи за покриви, што ги прави помалку подложни на оштетувања и од силните ветришта и бури. 

2. Како да знам кои ќерамиди се најсоодветни за мојот покрив?

Одговор

Ова е навистина сложено прашање, кое можеме да го одговориме на делови. Прво, во зависност од косината на покривот, ќе може да се прецизира кои ќерамиди ги исполнуваат техничките барања на самиот покрив и ќе можете да го одредите форматот, односно големината на ќерамидите. Потоа, на ред е естетиката. Нашите ќерамиди Тондах се поделени на три типа: континентален, медитерански и модерен, а за кој ќе се одлучите зависи од архитектурата на околината, како и од изгледот на вашата куќа. Тондах располага со широка палета на ќерамиди: природни, црвени, кафеави, медено кафеави, темно кафеави, сиви, зелени, црни и антрацит – од кои можете да ја изберете најсоодветна боја за вашиот покрив. А кога сме кај бојата, тука е и површината, која може да биде природна, енгобирана и глазирана – повторно, во зависност од крајниот ефект на покривот што сакате да го постигнете. За повеќе инфо околу најсоодветниот тип на ќерамиди кликнете овде.

3. Што значи системско покривно решение?

Одговор

Ние во „Винербергер“ повеќе сакаме да зборуваме за покривни системски решенија отколку само за покрив. Поставувањето на системско покривно решение значи, освен поставување на ќерамидите, инсталирање и на низа покривни додатоци, како што се снегобраните, вентилациската лента, паропропусната фолија, заштитните решетки за птици, разделниците за било и сл., кои работат заедно за да овозможат целосна заштита од надворешни влијанија. Затоа, кога имаме покривно системско решение можеме да зборуваме за долговечен покрив кој ќе обезбеди максимални перформанси во поглед на заштитата и сигурноста на вашиот дом.

4. Зошто покривот треба да дише?

Одговор

Иако покривот делува како непропустлив штит над вашата куќа, низ него мора да има проток на воздух или, како што велиме ние: покривот мора да дише. Струењето на воздухот и проветрувањето на покривот се постигнува со правилно поставување на конструкцијата, со избор на природни глинени ќерамиди и со комбинирање на особено важните додатоци, како што се вентилациските ќерамиди, капаците за било, паропропусната фолија, вентилациската лента и вентилациските елементи за стреа.

5. Дали ќерамидите на Тондах имаат гаранција и колкава е таа?

Одговор

Глинените ќерамиди се познати по својот долг век на траење. Нивната природна издржливост и отпорноста на невремињата ќе го направат вашиот покрив сигурен и безбеден долги години. Со редовно одржување, покривот со глинени ќерамиди од Тондах може да трае со децении, за што говори и нашатa гаранција од дури 33 години.

Ова беа најчестите прашања што ги добиваме од инвеститорите. Сепак, веруваме дека имате уште низа други. Затоа, слободно прашајте нè! Нашиот тим во секое време ви стои на располагање.

All4Roof roof calculator

Тондах калкулатор

Пресметајте ја количината на потребен материјал за вашиот нов покрив

Дали ви треба дополнителна помош?

Имате прашања за нашите производи

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Пронајдете го дистрибутерот кој ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Бидете во тек со сите новости и промоции

Слични објави

Продажба