Referencia rodinny dom Hlohovec Twist engoba cierna

Зошто кога зборуваме за покрив, зборуваме за системско решение

Дознајте зошто нашето сфаќање на покривот го надминува традиционалното гледање само како на покрив и зошто повеќе сакаме да зборуваме за системски покривни решенија. 

Tondach покрив
Tondach покрив

Кога станува збор за домувањето и сигурноста, нашиот народ вели дека најважно е да имаш покрив над глава. И не залудно во овој израз главното место го има покривот, бидејќи покривот е тој кој стои како штит меѓу сите надворешни влијанија и нашата куќа.  

Меѓутоа, ние во „Винербергер“, кога зборуваме за покрив, одамна сме отидени чекор понатаму и затоа, сакаме да зборуваме за: системски покривни решенија. Бидејќи само тогаш зборуваме за долготрајно покривно решение, кое обезбедува одржливост и максимални перформанси во поглед на заштитата и сигурноста.

Токму затоа, ве водиме низ приказната на овој интегриран пристап при градењето на покривот, кој го надминува традиционалното сфаќање на покривот само како покрив, и кој освен сигурноста, носи и други придобивки за вашиот дом и вашето семејство:

1. Сигурноста на прво место.

Tondach покривни додатоци

Покривот е делот од куќата кој е изложен на сите временски услови, па и на оние најнемилосрдните – од една страна на пеколните сончеви денови, а од друга на силните бури, тешките снегови и долгите мразови. Поставувањето на системско покривно решение, значи инсталирање на цела „машинерија“ покривни додатоци. Глинените ќерамиди (обични и завршни) снегобраните, вентилациската лента, паропропусната фолија, заштитната решетка за птици, разделниците за било и останатите додатоци ќе „работат“ заедно за да овозможат целосна заштита од надворешните влијанија.  

2. Зголемена трајност.

Tondach системско решение

За разлика од обичните покриви, системското покривно решение од Tondach е трајно решение. Природните глинени ќерамиди и самите се познати по нивната цврстина и долготрајност. Меѓутоа, кога ќе се инсталираат како дел од еден целосен систем, покривот со децении храбро го издржува тестот на времето, намалувајќи ја потребата за поправки или реновирање. 

3. Енергетска ефикасност.

Вентилација на покрив

Енергетски ефикасниот дом е одлична инвестиција што се исплаќа на повеќе начини. Покривното системско решение, кое овозможува соодветна вентилација на покривот, овозможува и да се регулира температурата на домот и да се намали излегувањето и влегувањето топлина во домот. Тоа овозможува пријатна внатрешна температура за живеење, намалувајќи ја потрошувачката на системите за греење и ладење, со што значително ќе заштедувате во грејните и во летните сезони. 

4. Естетика и дизајн за секоја куќа.

Покрив - петта фасада

Поминаа деновите кога од покривот се бараше само функционалност. Денес, тој е петтата фасада, онаа последната, која го заокружува целокупниот изглед на куќата. Со системските покривни решенија на Tondach, добивате естетски усогласен покрив, во кој сите елементи (вентилациски ќерамиди, билни ќерамиди, разделници на било, снегобрани) се во истата боја и стил. Како инвеститори, ова ви овозможува да добиете изглед на покрив кој совршено ќе ја надополнува убавината и впечатливоста на вашата куќа.

5. Лесна монтажа и гаранција.

Гаранција од 33 години

Како производител на сите елементи од системските покривни решенија, ние се имаме погрижено за нивна максимална компатибилност и лесна монтажа. Во исто време, сигурни сме во квалитетот на системите што ги нудиме и затоа со покривните решенија даваме и гаранција за времетраење од 33 години! Мирно спие тој што има покрив над глава, но уште помирно тој што има Tondach покрив 😊.

Се надеваме дека ви ги дадовме одговорите на сите прашања пред кои сте поставени кога размислувате за изградба на вашиот нов покрив. Веруваме дека сега полесно ќе ги носите одлуките за набавката на материјали и дека ќе го одберете Tondach, брендот кој е еден од најчестите избори на луѓето низ цела Европа. 

email, chat and telephone symbols

За цени и набавка

Контактирајте ги нашите комерцијални претставници

Дали ви треба дополнителна помош?

Ви нудиме бесплатна техничка поддршка

Контактирајте нѐ!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не пропуштајте ги најновите вести од нас

Слични статии

Продажба