Како да го одберете вистинскиот модел на ќерамиди?

Изборот на ќерамиди зависи од многу фактори - технички и естетски. Еве краток водич за чекорите при избор на најсоодветен модел на Tondach ќерамиди за вашиот покрив.

Технички податоци

Наклон на покривот

Image
Наклон на покривот
© Wienerberger Ltd.

На почетокот е најважно да ги дефинираме техничките ограничувања што треба да ги земеме во предвид пред да преминеме на естетскиот дел. Најпрво, тоа е наклон на покривот. Во нашите простори има релативно голем опсег на падини, најмногу во зависност од географската локација на објектот. Од крајбрежни области до области на високи планини, закосените покриви мора добро да ја извршуваат својата примарна функција и да ја пренасочуваат водата надвор од објектот. Типичен претставник за градските или крајбрежните области би бил објект со наклон од 10 до 12, максимум 15 степени. Сепак, колку што одиме повисоко кон планините, толку повеќе ќе забележиме дека падините на покривите стануваат се поголеми, а аглите меѓу нив помали, додека аглите помеѓу падините и ѕидовите се поголеми. Во тој случај наклоните започнуваат најмалку од 15 степени и можат да достигнат и до типични алпски наклони од 45-50 степени. Причините за ова се поврзани со барањето покривот да ја „исфрла“ водата што побрзо и безбедно од обилните дождови во крајбрежните области и од снег во планинските области.

Ова е know-how за специфичните форми што може да ги има ќерамидата како модел: колку повеќе навлегуваме во континенталниот дел од областа, среќаваме порамни ќерамиди со чисти форми и поголем наклон. Колку повеќе одиме во крајбрежните зони, толку повеќе среќаваме "брановидни" ќерамиди со соодветно помал наклон на покривот.

Како да дознаете кој е наклонот на вашиот покрив?

Ако имате проект, во него можете да најдете информации за наклонот на покривот. Ако го немате проектот лично, можете да го прашате вашиот проектант. По утврдувањето на наклонот, на следниов линк со филтрирање на ќерамидите според наклонот на покривот може да проверите кои модели се погодни за вашиот покрив.

Нов покрив или реновирање

Image
Нов покрив или реновирање
© Uwe Strasser

Откако ќе прецизираме кои ќерамиди ги исполнуваат техничките барања за наклонот на нашиот покрив, треба да одлучиме дали ќе изградиме нов покрив или ќе го реновираме стариот. Доколку се реновира, мора да се знае дали потпокривната конструкција е погодна за повторна употреба. Ако дрвената решетка е зачувана, тогаш е потребно да се види кои се растојанијата помеѓу летвите (растојанието помеѓу две соседни носечки летви) за да се види кој од достапните формати на ќерамиди е близу до овие растојанија.

Предноста на системите за покриви на Тондах е тоа што ќерамидите имаат функционалност за поместување, т.е. да се регулира растојанието помеѓу два соседни реда, така што ќе се заврши со цел ред на ќерамиди без потреба од нивно сечење, а сепак покривот да биде рамномерен.

Ако, сепак се одлучиме да не ја користиме старата конструкција, тогаш преминуваме кон нов покрив со целосно нова дрвена конструкција. Тогаш имаме слобода да ги користиме сите достапни модели за соодветниот наклон на покривот и продолжуваме кон естетскиот избор.

Естетски избор

Естетиката има два главни аспекти - стилски и визуелен (боја). Во зависност од стилот на објектот, нашиот избор зависи од тоа тоа која основни група ќе ја одбереме - континентален, медитерански или модерен тип.

Континетален тип

Image
Континентален тип на покрив
© Martin Matula

Континентален тип се моделите: Винеам, Македо, Континентал плус, Констант плус и Танго плус. Она што е карактеристично за овој тип на ќерамиди е одбрани форми и типични единечни или двојни олуци, задолжени да ги отстранат дождот и снегот од покривот што е можно побрзо и безбедно, како и да го контролираат овој процес во кое било време од годината. Стилските предлози за овој покрив главно се смирувачки, поврзан со подреденост и перфекционизам.

Медитерански тип

Image
Медитерански тип на покрив
© arch. Radko Todorov / Er Te Consuld OOD

Медитерански тип на ќерамиди се моделите: Венера и Медитеран плус. Нивната главна улога е многу брзо да ги отстранат обилните врнежи од дожд. Тие имаат типично испакнати брановидни елементи. Улогата на бранот е да го „забрза“ лизгањето на дождовната вода до основата на ќерамида, а потоа надвор од покривот. Визијата на покривот со слични модели, без разлика дали е со помал или поголем бран, постигнува весел и разигран изглед, игра со зраците на сонцето и делумните сенки на бранот. Овој стил е добро познат по ниски, претежно еднокатни објекти со големи балкони и голем број прозорци.

Модерен тип

Image
Модерен тип на покрив
© Wienerberger d.o.o

Модерен тип на ќерамиди се моделите: Сатурн, Твист и Болеро. Со нив се постигнува мирна, уредна и чиста визија. Тие целосно одговараат на бараните чисти линии на целиот објект и обезбедуваат целосно единство на четирите фасади со петтата - покривот.

Светот на боите

Image
Светот на боите
© Wienerberger EOOD

Откако одбравме модел на ќерамида, потребно е да одбереме одредена боја. Но, ако стилот на нашиот објект е јасен и сметате дека бојата треба да биде водечка за да се постигне посакуваниот ефект, тогаш прво мора да се одбере боја, а потоа да одберете модел што е достапен во саканата боја и одговара на потребниот наклон на покривот.

Генерално, понудените бои се главно во земјени тонови - природни, црвени, кафеави, медено кафеави, темно кафеави и сега сè повеќе и во модерни нијанси како што се сива, зелена, црна и антрацит. Некои модели имаат пријатни нијанси на бои од теракота, со ефект на стареење, што го нарекуваме антик. Можеме да одбереме помеѓу песочен антик, окер антик и теракота антик.

Површини

Површините исто така можат да играат значајна улога во изборот на ќерамиди. Се издвојуваат три групи на површини: природна, енгоба и глазура.

Природна површина

Сосема природна и класична елеганција за безвременски покриви. Природната боја се добива на природен начин: при печење на ќерамидите, железните соединенија во глината оксидираат и даваат топли природни нијанси на керамиката. Бојата на ќерамидата со природна површина одговара на секое опкружување.

Енгобирана површина

Енгобирањето е процес во кој ситно мелениот прав од глина се меша со разни метални оксиди и откако ќе се раствори во вода се нанесува со прскање на веќе исушената ќерамида. Со рамномерно распоредување на ќерамидата, нераскинливо се поврзува со неа со траење на целиот животен циклус на ќерамидата. Со ова се обезбедува дополнителна заштита од временските услови.

Глазирана површина

Овој тип на ќерамиди се произведени со специјална технологија за глазирање, која дава максимално естетски изглед на покривот. Производството на различни нијанси на глазура е во целосна хармонија со природата. Со оваа технологија, при печењето на ќерамидите се нанесува слој од минерална глазура. Глазурата останува безбедно прицврстена на основата на ќерамидите. Така, површината на ќерамидата добива сјаен ефект. Глазираните решенија се карактеризираат со убавина, квалитет и издржливост со генерации.

Покривот не се состои само од ќерамиди

Image
Целосни покривни системи Tondach
© Wienerberger EOOD

Ќерамидите се клучен и прв чекор кон сигурен покрив. Сепак, она што ја одредува сигурноста на вашиот покрив во наредните децении се задолжителните додатоци што мора да се користат за да вашиот покрив е сигурен и безбеден на временските неприлики.

Винербергер разви бесплатна алатка - онлајн калкулатор за потребните додатоци, кој ќе ви помогне да откриете кои се навистина задолжителни керамички и некерамички додатоци и во која количина се потребни за безбеден покрив.

Цената е исто така одлучувачка за избор на ќерамиди. Обратете се на некој од нашите комерцијални преставници според продажен регион во врска со цената и набавката на сите видови на ќерамиди. На следнава мапа откријте го и најблискитот дистрибутер до вас.

Може да побарате и бесплатен примерок на ќерамида да ви се достави пред да го направите финалниот избор.

Бидете спокојни за квалитетот, нудиме гаранција од 33 години за системските решенија на Tondach. Идните генерации ќе ви бидат благодарни.

Construction worker with tablet computer, Fast Forward Commercial Excellence

Имате ли прашања за нас или за нашите производи?

 Контактирајте нè и ќе ви помогнеме!

Дали ви треба дополнителна помош??

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Најдете дистрибутер

Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску

Пријавете се за њуслетер

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба