Semmelrock Protect

Нега на павер елементите

Прочитајте како ги одржувате и како да ја заштитите површината на павер-елементите

Чистење и одржување

MK_MKT_PHO_Glass_on_pavement.jpeg
Нега на павер елементите

Препорачливо е да се изврши првично чистење со мека четка, вода и доколку е потребно, соодветни детергенти за отстранување на остатоците од нечистотија и малтер по поставувањето на бетонскиот плочник. За време на користењето секоја површина има потреба од одржување, дури и на високо квалитетните бетонски плочки за поплочување изработени од Semmelrock. Поради оваа причина, пожелно е најмалку еднаш годишно, по завршувањето на зимата, бетонските плочи и поплочувањето да се чистат од насобраните наслаги во текот на зимата, дамки или други нечистотии, а за најдобри резултати пожелно е да се користат производи дизајнирани за специфичниот проблем. Покрај периодичното чистење на површината на подот или плочките, исклучително е важно да се следи количината на материјал во фугите и да се надополни со песок.

Фугите, исполнети со неврзан кварцен песок мора да се исчистат така што материјалот за фугирање  да не се отстранува или вади од фугата. Машините за чистење не смеат да предизвикуваат вертикално повлекување на фугата. Пожелно е да се користат машини специјално дизајнирани за чистење производи од бетон. Не користете воден млаз или пареа! Во случај на голема контаминација на површината, користете специјализирана опрема за влажно чистење со млазници за вода, меки четки и соодветни средства за чистење на алкална основа. За да се обезбеди подолготрајна чистота и зачувување на појасни бои на производи со измиена површина (LaLinia, Pastella), Semmelrock Stein + Design става фабрички печат Semmelrock Protect® во производствениот процес на овие производи.

Површината на производите со структурна површина може дополнително да се заштити со специјализирани препарати за импрегнација на производи од бетон, во согласност со условите за употреба препорачани од производителот.

Заштита на површината

Semmelrock Protect®
Површината на производите, означени со  симболот Semmelrock Protect®, е обработена со специјален слој кој обезбедува поголема издржливост на атмосферските влијанија.

Semmelrock Protect
Semmerlock protect

Со овој симбол се означени производите, кои се дел од “Semmelrock Protect“ технологијата.

  • Заштита со импрегнирање
  • Отпорност на замрзнување
  • Непроменливи бои

Te притежават високо ниво на защита от вредни влияния в периода на експлоатация. Специалното покритие Semmelrock Protect® се нанася в процеса на производство на всяко изделие. Тази запечатка осигурява лесно почистване и нисък разход за поддръжка. Защитният филм върху настилката има за цел да предотврати проникването на вода и течности във вътрешността на изделието и да го предпази максимално в процеса на експлоатация.

Тие имаат високо ниво на заштита од штетни надворешни влијанија. Специјалниот слој Semmelrock Protect® се применува во производниот процес на секој производ. Со ова се обезбедува лесно чистење и ниски трошоци за одржување. Заштитниот слој има за цел да спречи навлегување на вода и течности во внатрешноста на производот и да го заштити колку што е можно за време на употребата.

Umbriano бехатон, La Linia бехатон, La Linia Grande, Magna плочки, Pastella плочки, Umbriano плочки

За повеќе информации клик на Технички податоци и упатства за производите.

Construction worker with tablet computer, Fast Forward Commercial Excellence

Имате ли прашања за нас или за нашите производи?

 Контактирајте нè и ќе ви помогнеме!

Дали ви треба дополнителна помош??

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Најдете дистрибутер

Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску

Пријавете се за њуслетер

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба