Appia Antica behaton

Технички податоци и упатства за употреба

Насоки за употреба на павер-елементите Semmelrock

Боја и структура

Отстапувањата во бојата и структурата кај бетонските производи се неизбежни заради употребата на природни суровини (цемент, песок, итн.), кои се предмет на природни флуктуации.

Производите во боја од бетон содржат висококвалитетни  UV одржливи пигменти. Под влијание на атмосферските услови, со текот на времето, можат да настанат незначителни промени во бојата и структурата на површината. Можно е разликите да се израмнат со текот на експлоатацијата на поплочената површина . Треба да се има на ум дека разликите на производите се зголемуваат ако некои од нив се изложени на директни атмосферски влијанија, а други се поставуваат во затворен простор. За да се постигне рамномерна боја на површината добро e при поставувањето да се обрне внимание на мешано земање на поединични производи од неколку палети во исто време и нивно поставување со правилната страна нагоре.  Треба да се има предвид дека изложените примероци служат како водич за ваша лична одлука. Разликите во боите и структурите се неизбежни, но тие не влијаат на функционалноста на нашите производи и поради оваа причина не ги признаваме за рекламација.

Поставување

Поставувањето бетонски плочки со методот на ,,сува монтажа " се препорачува и за целите на израмнување на дозволените отстапувања во дебелината на производите според МКС EN 1338/1339: 2005. Слојот на израмнување се нанесува со дебелина од 4-6 cm врз основниот слој. При поголеми дебелини израмнувачкиот слој може да се сруши врз подлогата. Се користат дробени фракции од групите 2/4 mm, 4/8 mm, 8/11 mm (трошен камен) како и комбинација помеѓу нив. Поставениот израмнувачкиот слој мора да биде водопропустлив и затоа изборот на фракција зависи од дебелината на слојот и видот на површината за поплочување. Во никој случај, најголемото зрно не треба да надминува 11 mm.

Нанесениот слој за израмнување не смее да се тампонира!

По поставувањето и фугирањето на подот потребно е да се вибрира со вибрирачка плоча со врв од гума или силикон.  Најпогодни се плочи од 250 kg до 650 kg во зависност од дебелината на поплочената површина. За да го достигнете планираното ниво, имајте на ум дека израмнувачкиот слој по тампонирањето е 3-5 cm.

За поврзан начин на поставување, препорачуваме фабрички дренажни раствори, кои се со обезбедена отпорност на мраз и обезбедуваат дренажа на бетонската површина. Како систем со нив се користи фабричка дренажна фуга. Следете ги упатствата на производителот! 

Со цел да се обезбеди добро одводнување на површината, потребен е пад од најмалку 2% за фина површина и 2,5% за груба површина.

Безбедност против лизгање

Бетонските производи се доволно сигурни од лизгање, под услов површината да не е дополнително третирана. Производите со т.н. бетонска површината имаат коефициент на лизгање SRT = 45 и не им требаат дополнителни тестови (МКС EN 1338/1339: 2005).

Варовникови промени на бојата

Светлите точки или талози што понекогаш се формираат на бетонските производи се технички неизбежни и се изразуваат различно во зависност од временските услови и начинот на поставување. Со цел да се минимизира појавата на варовникови промени на бојата  (CaCO3) препорачуваме производите да се поставуваат согласно деталите што ви ги препорачуваме. Ако сакате, овие одложувања можат да бидат отстранети со помош на специјални производи на база на киселина со соодветна концентрација, според упатствата на производителот.

Не користете четки со метални влакна или млаз од пареа. Квалитетот на производите на Semmelrock Stein+Design не е намален со овие промени на бојата, поради што тие не се признаваат за рекламација. Поголем дел од производите на Semmelrock Stein+Design имаат внатрешна хидрофобизација, што ги минимизира овие дисколорации.

Боење

Поради влијанијата на атмосферата, околината или основните материјали во одделни случаеви на површината или периферијата на производите може да се појави мала промена на бојата во жолто или кафеава. Бидејќи не можеме да влијаеме врз овие услови, ниту обојувањето не дава право на рекламација.

Ширина на фугите

Бетонските производи што се поставуваат со премногу тесни фуги или чија основа ја нема потребната носивост е изложена на оптоварувања на рабовите, што не може да го издржат и високо квалитетните бетони. Последиците од ова се кршење на рабовите. Поради оваа причина, со цел да се спречи кршењето на рабовите на производите, препорачуваме ширина на фугите помеѓу производите да биде најмалку 5-8 mm. Вградените фуги за дистанца служат за спречување на ронење при транспорт, а не за постигнување на потребната фуга.

Фугирањето се врши во две фази. Првично, фугата се полни до врвот со помош на соодветна четка со кршен кварцен песок од групите 0/2 mm, 0/4 mm, 0/8 mm со максимум количина 0 - 0,1 мм макс. 5% и максимална големина на зрно не повеќе од 40% од ширината на фугата. По вибрирање, фугата треба да се наполни по втор пат и да се полее со вода. Кај павер-елементите со фасет да се полнат до долниот крај на фасетот. Дополнително е потребно да се проверуваат фугите најмалку еднаш годишно и да се полнат доколку е потребно со песок. Не додавајте прашина или цемент.

Во случај на поврзан или мешан начин на поставување на бетонскиот под, препорачуваме ширината на фугата да биде од 8-15 mm. Јачината на притисок на  смесата за фугирање мора да одговара на очекуваното оптоварување и во никој случај не смее да биде поголем од јачината на притисок на површината. Внимавајте на техничките услови при монтажа на подот.

Рекламации

Производите треба да се прегледаат при преземање и пред монтажата. Ако се најдат видливи дефекти во квалитетот, тие мора да бидат заведени како рекламација пред монтажата. Дефектните производи не треба да се монтираат! Во случај на оправдана рекламација, производите се заменуваат.

Микро-пукнатини

Во некои случаи, може да се појават микро пукнатини. Тие не се видливи со голо око на сув производ и може да се видат само кога површината е влажна. Овие микро пукнатини не влијаат на квалитетот на производот и не се прифаќаат како рекламација.

Отстапувања во димензии

Компанијата Винербергер ги гарантира димензиите на сите декларирани производите на Semmelrock Stein + Design, според стандардот МКС EN 1338, БДС EN 1339, БДС EN 1340. Отстапувањата во димензиите што се во рамките на толерирање наведени во овие стандарди, не се прифаќаат за рекламација.

Упатство за правилна употреба

Правилната употреба вклучува оптоварување, како што е наведено во техничките податоци на производот. Рекламации поради преоптоварување над максимално дозволеното, не се признаваат. Со цел да се зачува површината на производите со дозволено оптоварување од моторни возила, не треба да се дозволува движење со ланци без заштитни тампони, тешка градежна техника и секаква дејност поврзана со одржувањето што предизвикува оштетување на површинскиот слој.

Чистење и одржување

За да се зачува оптимално функционалноста и убавината на вашиот под, потребно е да се следат следниве упатства:

Фугите,исполнети со неврзан материјал (кварцен песок) мора да се чистат така што материјалот за фугите да не се отстрани или извади од фугите.

Машините за чистење не смеат да предизвикуваат повлекување на фугите. Тие треба да не повлекуваат вертикално од фугата, туку по можност хоризонтално на површината.

Различни производители на опрема за чистење нудат машини специјално дизајнирани за чистење на производи од бетон.

Да не се користат машини со воден млаз или пареа!

Во случај на голема контаминација на површината, користете специјализирана опрема за мокро чистење со млазници за вода, меки четки и соодветни средства за чистење на алкална основа.

Треба да се има на ум дека по чистењето треба да се провери дали фугата е исполнета со материјал и, доколку е потребно, да се надополни со цел да се одржи стабилноста на подната површина.

Чистење во зима

Кога чистите и отстранувате снег, користете соодветни еластични крајници на машините  за спречување на механичко оштетување на површината. Не користете алати со метален крајник за рачно чистење.

Производи за одмрзнување

Компанијата Винербергер гарантира отпорност на мраз и луга на сите декларирани производи Semmelrock Stein + Design според стандардот МКС EN 1338, МКС EN 1339, МКС EN 134. За одмрзнување на мразот во зима треба да се користат само производи погодни за бетонски производи (на пр. на база на NaCl или MgCl2).

Употребата на производи што содржат сулфати е неприфатливо бидејќи може да ги оштетат производите. Од оваа причина да не се користат препарати во кои има сулфати или органски препарати.

За повеќе информации, тимот на Винербергер  ви стои на располагање.

Верзија 01.02.2021

Construction worker with tablet computer, Fast Forward Commercial Excellence

Имате ли прашања за нас или за нашите производи?

 Контактирајте ги нашите комерцијални преставници!

Дали ви е потребна дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Пронајдете дистрибутер

Пронајде го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба