Stones ECO сив

Фугирање со Stones Eco

Ако се прашувате како долготрајно да го решите проблемот со тревата што никнува низ фугите – Stones Eco е новата генерација на грижа за фугите на надворешните поплочени површини

Зошто да го изберете Stones Eco?

Смесата за фугирање Stones Eco е новата генерација на грижа за фугите на надворешните поплочени површини. Смесата за фугирање содржи сув фино сомелен минерален песок, стабилизиран со патентиран додаток од растително и минерално потекло. Производот не содржи цемент и полимери. Иновативната формула обезбедува лесно поставување, реновирање без проблем и големо задоволство од крајниот резултат – без трева во фугите и без наслаги на површината на павер-елементите. Stones Eco е решение кое е погодно за фуги со широчина од 1 до 20 mm и павер-елементи кои можат да поднесат товар од автомобили со тежина до 3,5 тони. 

Иновативност и екологија

SOLID GREEN BINDER е основната компонента на песокот за фугирање Stones Eco. Тој се состои од растителни елементи, минерали и силикати. Екстрактот од тегавец, споен со иновативната технологија, е во основата на долготрајната сврзувачка сила на производот. Формулата е резултат на долгогодишни истражувања и има способност да ги сврзе фините скалести фракции во стабилизирана површина. Добиената PH-вредност не дозволува никнување на растенија, а еластичната површина на фугата ѝ ја дава способноста сама да се обновува при контакт со вода. 

ПРЕДНОСТИ НА ПЕСОКОТ ЗА ФУГИРАЊЕ STONES ECO:
  • Ја спречува појавата на растенија меѓу павер-елементите.
  • Со правилно поставување ефикасно се спречува формирањето наслаги.
  • По дожд песокот сам се обновува.
  • Соодветен е за пополнување на фуги од 1-20 mm.
  • Соодветен е за павер-елементи со минимална височина од 3 cm.
  • Соодветен е за различни видови на материјали (бетон, природен камен и сл.).
  • Фугите лесно се поправаат благодарение на здравата врска меѓу стариот и новиот материјал за фугирање.
  • Одлично се лепи за рабовите на павер-елементите.
  • Лесно поставување при суво време и температура на воздухот и основата над 2º С.
  • Подготвен за употреба, при што не е неопходно претходно мешање на компоненти.
  • При правилно складирање, нема ограничување на рокот на употреба.
  • Не е штетен за животната средина и е траен материјал од обновливи суровини. 
Construction worker with tablet computer, Fast Forward Commercial Excellence

Имате ли прашања за нас или за нашите производи?

 Контактирајте нè и ќе ви помогнеме!

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба