Porotherm Thermo

Добри ѕидови квалитетна куќа прават

Дознајте зошто новите блокови за ѕидање Porotherm 25 Thermo се вистински избор за ѕидовите на секоја модерна куќа или зграда. 

Image
Porotherm Thermo

Градењето на домот од соништата е возбудливо искуство. Иако е полно со предизвици, полно е и со бескрајни можности да создадете простор кој вистински ќе ја одрази вашата визија и ќе одговори на вашите потреби.

Додека го замислувате местото што ќе го полните со љубов, топлина и спомени, знаете дека треба да размислувате и како да изградите дом кој ќе го издржи тестот на времето. А времето се и временските услови, и текот на годините.

Токму тука во игра влегуваат нашите нови градежни блокови Porotherm 25 Thermo, решение за енергетски ефикасен и еколошки дом, со висококвалитетни ѕидови, кои се тука да ја чуваат вашата семејна топлина и среќа. 

Поново и подобро

Porotherm 25 Thermo

Како компанија посветена на производство на природни градежни материјали, ние работиме со постојана грижа за подобро домување и за заштита на животната средина. Затоа, оптимизирањето на процесите на производство и унапредувањето на нашите производи е постојано во фокусот на „Винербергер“.  

Новите глинени блокови за ѕидање се создадени со оптимизирање на рецептурата и на нивната решетка. Porotherm 25 Thermo се направени од порозирана керамика, односно од глина со струготини кои горат при печењето и формираат пори во керамичкиот скелет. Затоа, за разлика од претходните блокови за ѕидање, овие имаат намалена густина и подобрена волуменска тежина.

Лете ладно, зиме топло или: поисплатливо

Porotherm 25 Thermo

Сметките за струја, односно за греење и ладење се нешто што сите денес сакаме да го намалиме. А за да се случи тоа во домот, потребни ни се иновативни решенија со термоизолациски карактеристики.

При градење ѕидови со блоковите Porotherm 25 Thermo потребно е 2 cm помалку термоизолациски материјал во споредба со стандардните блокови Porotherm 25. Тоа е првата заштеда – за постигнување на ист пренос на топлина на ѕидот, се заштедува на трошоците за термоизолациски материјал. Втората заштеда е што со Porotherm 25 Thermo енергетската ефикасност на градбата се зголемува за 10%, што значи дека најмалку за 10% ќе ги намалите и вашите трошоци за ладење и греење.

Ѕидовите со Porotherm 25 Thermo немаат уши

Porotherm 25 Thermo

Со оглед на тоа што блоковите за ѕидање Porotherm 25 Thermo се направени од природни суровини, нивната густина е 675 кг на м3, што гарантира одлична звучна изолација на ѕидовите направени со нив. Кога на тоа ќе се додаде и фактот дека блоковите имаат повеќе комори, способноста за изолирање на звукот уште повеќе се зголемува. 

Со тоа, поговорката „и ѕидовите имаат уши“ слободно може да излезе од вашиот речник, затоа што преку ѕидовите направени со Porotherm 25 Thermo никаков звук не може ниту да влезе, ниту да излезе 😊

Повеќе технички детали за новите блокови Porotherm 25 Thermo можете да погледнете ТУКА.  

email, chat and telephone symbols

За цени и набавка

Контактирајте ги нашите комерцијални претставници

Дали ви треба дополнителна помош?

Ви нудиме бесплатна техничка поддршка

Контактирајте нѐ!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не пропуштајте ги најновите вести од нас

Слични статии

Продажба