Cleaning roof from snow with shovel. Danger of getting injured from snow or icicles falling from rooftop. Workers removing snow from old wooden building. Wintertime maintenance and activity concept

Зошто Тондах го издржува тестот на студеното време?

Дознајте во што се крие тајната на издржливоста на покривните системи Тондах и при најголемите студови. 

Image
Tondach системски решенија за покрив

Јунаците се познаваат на маката, вели една стара поговорка. А покривите се познаваат на зима, велиме ние, затоа што токму зимата им носи најголеми маки.

Тестовите што ова годишно време му ги поставува на заштитникот на нашиот дом се многу и различни – од силни ветришта и виулици, преку дождови и бури до снег и снежни навеви.

За да може покривот да го издржи тестот на студеното време, секој од неговите составни делови треба да ја покаже на дело својата функција. А тоа може да се посигне само ако покривот е реализиран како системско решение во кое сите овие делови уиграно го чуваат домот од невреме. 

Запознајте ги деловите од системското покривно решение на Тондах кои играат клучна улога во зимските месеци:

1. Снегобраните се грижат за снегот

Системски решенија за покрив

Снегот е радост за нас, но голема мака за покривот. Еден од главните елементи што треба да се справуваат со него се снегобраните. Снегобраните Тондах, освен што хармонично се вклопуваат во изгледот на покривот, се трајно и сигурно решение за неконтролираното лизгање на снежната покривка. Тоа значи дека тие делуваат превентивно, ја спречуваат можноста за неконтролирано лизгање на големи парчиња замрзнат снег од покривот и опасноста од штета. 

2. Држачите за летва го држат покривот стабилен

Системски решенија за покрив

За максимална стабилност и цврстина на покривот, во рамки системските покривни решенија на Тондах особено се важни држачите за летва. Тие служат за фиксирање на летвите на гребенот и за нагодување на висината на летвата. Достапни во големина од 30 и 50 mm, овие додатоци се невидливите раце на покривот, кој го држат стабилен и при најсилни зимски ветришта.  

3. Закопчувалка за сечена ќерамида за сè да остане на свое место

Системски решенија за покрив

Третиот производ во армијата на системското решение што го штити покривот зимно време е закопчувалката за сечена ќерамида. Овој мал производ овозможува сигурно прицврстување на сечените ќерамиди, што го прави навистина значаен. Во зависност од изборот на ќерамида, закопчувалката го прицврстува горниот, долниот или средниот дел од ќерамидата, која останува на своето место и при најголем притисок од временските услови. 

4. Држач за капак за дополнителна сигурност на целиот покрив

Системски решенија за покрив

И последен клучен елемент за заштита на покривот во зимските денови е држачот за капак. Станува збор за додаток во рамки на покривните системски решенија на Тондах кој служи за безбедно прицврстување на капаците еден кон друг и кон билната летва. За целосна естетика, држачот за фалцован капак е достапен во црвена, црна и кафеава боја. 

Ние секогаш велиме дека за нас покривот е покрив само кога е целосно системско решение. Само тогаш тој работи за беспрекорна заштита на вашиот дом. А ако покривот го издржи тестот на студеното време, тој ќе го издржи и тестот на времето и ќе го штити вашиот дом со децении. 

Калкулатор за Tondach покрив

Бесплатна пресметка

Дознајте ја потребната количина на материјал за вашиот нов покрив.

🔗 Пресметај

33 години писмена гаранција

За вградување на системско решение

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба