Strešna okna
© Wienerberger d.o.o.

Покривни прозорци – како да решите без да згрешите?

Изборот на вистинските покривни прозорци за вашето ново поткровје може да биде тежок. Но, може да биде и многу лесен ако знаете што точно барате!

Image
Покривни прозорци Tondach

Желбата да се реновира таванот во функционално и максимално искористено поткровје понекогаш знае да тлее со години, па и со децении. Ако конечно сте решиле да си ја остварите, тука сме да ви помогнеме овој нов простор да го направите да биде полн со светлина и пријатен за живеење.

Во продолжение на овој текст ќе ве запознаеме со покривните прозорци, придобивките од нив за вас, како и со чекорите што треба да ги направите за да стигнете до вистинскиот избор на прозорци за вашето поткровје. 

Први чекори: дознајте што точно барате

на што да посветите внимание

Работите на коишто треба да посветите внимание кога се одлучувате за вградување покривни прозорци се нивната енергетска ефикасност, заштитата од влага и кондензација, како и звучната и топлинската изолација на стаклото и на целиот прозорец.

Освен самите карактеристики на материјалите и изработката на покривниот прозорец, важен е и начинот на вградување кој придонесува за енергетската ефикасност на прозорецот. Дури и прозорците кои имаат ефикасна изолација мораат да бидат правилно поставени за да не предизвикаат влага и провев. При вградувањето важно е да се посвети внимание на накосувањето на покривот. Со соодветно поставување и со дополнителните материјали, прозорецот станува функционален и максимално придонесува за комфорот во домот. 

Зачекорете кон енергетски ефикасно поткровје

важен е материјалот на изработка

Важни фактори кои одредуваат колкава заштита нуди прозорецот од надворешните влијанија се и материјалите од кои е направен, како и начинот на кој се составени сите негови компоненти. Прозорците со квалитетна изолација меѓу стаклото се полнети со инертен гас – аргон. Станува збор за благороден гас кој е безбоен и нереактивен и кој претставува врвно средство за изолација на стаклени прозорци.

Важен фактор кој директно укажува на енергетската ефикасност на прозорците е U-факторот. Колку што е тој понизок, толку изолацијата е подобра. Секој прозорец има U-фактор на стаклото и U-фактор на целиот прозорец. Овој параметар всушност е однос на брзината на струењето на топлинската енергија и разликите меѓу надворешната и внатрешната температура помеѓу кои стои прозорецот. Мерните единици во кои се изразува овој параметар во Европа е: W/m3 K.

Застанете цврсто зад ставот за природен избор

придобивките на дрвото

Дрвото е природен материјал кој традиционално се користи за изработка на рамки за прозорци и од него се направени и нашите покривни прозорци Tondach. Една од придобивките на дрвените прозорци е и тоа што даваат оптимална изолација но и струење на воздухот кое го ја намалува можноста за кондензација. Импрегнацијата и премачкувањето на дрвото со квалитетен еколошки премаз придонесува за долготрајност на овие прозорски единици. Безбојните површини лесно се чистат и се одржуваат. Исто така, оставаат простор и за личен печат, односно за дополнително боење на рамките по желба.

Термоизолацијата на покривните прозорци Tondach е направена од чиста природна овча волна, што значи дека е еколошка, висококвалитетна и лесна за манипулација при поставувањето. 

Што кога ќе стигнете до широка понуда?

како да донесете одлука

Во нашата широка понуда можете да најдете различни модели на покривни прозорци: Comfort, Project, Energy+ и Smart Pro. Сите овие модели доаѓаат во различни димензии и можат да се поставуваат на различни косини.

Освен споменатите фактори кои влијаат на термо и хидроизолацијата, за да ги изберете вистинските прозорци за вашето поткровје, посветете внимание и на звучната изолација што ја нудат. Ако вашата куќа е во урбана средина, ќе ви биде потребна поголема звучна изолација и обратно.

И покрај сè наведено, знаеме дека може да се случи да имате уште прашања и недоумици во врска со изборот на покривните прозорци за вашиот дом. За таа цел, тимот експерти на „Винербергер“ ви стои на располагање да ви го олесни процесот на донесување на одлуката со своите стручни совети. Слободно контактирајте нè!

Roof windows

За цени и набавка

Контактирајте ги нашите комерцијални претставници

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Најдете дистрибутер

Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба