Roof windows

Покривни прозорци за повеќе сончеви зраци

Ако сте се решиле да направите доградба на вашата куќа во висина или да го реновирате таванот за да го претворите во поткровје, почнете да размислувате за покривните прозорци. Тие се приоритет за да внесете повеќе светлина и пријатна атмосфера во новиот простор за живеење. 

Покривни прозорци Tondach
Покривни прозорци Tondach

Со текот на годините, покривните прозорци станаа класика во модерното градење и важен елемент на многу куќи, згради, викендички, деловни простории и други станбени објекти.

Нивниот придонес за целокупниот простор е видлив и екстериерно и за ентериерот. Гледано однадвор, прозорците кои се поставени на покривот придонесуваат за естетскиот впечаток на целата градба, додека во самата просторија имаат практична намена – нудат поглед кон небото и стануваат дополнителен извор на природна светлина. 

Главни карактеристики на покривните прозорци

Важни фактори кои одредуваат колкава заштита дава прозорецот при надворешните влијанија се материјалите од кои е направен, како и начинот на кој се составени сите компоненти.

За да одлучите кои се вистинските покривни прозорци што треба да ги вградите, посветете особено внимание на:

1. Термо и звучна изолација.

Tondach покривни прозорци

Прозорците со квалитетна изолација меѓу стаклото се полнети со инертен гас – агрон. Во прашање е благороден гас кој е безбоен и нереактивен и претставува врвно средство кога станува збор за изолација на стаклени производи. Ако вашите простории се наоѓаат во урбана средина, потребни ви се прозорци со поголема звучна изолација.

2. Енергетска ефикасност.

Tondach покривни прозорци

Важен фактор кој директно укажува на енергетската ефикасност на прозорците е U-факторот. Колку што е понизок U-факторот, толку изолацијата е подобра. Секој прозорец има U-фактор на самото стакло и на комплетниот прозорец. Овој параметар, всушност, е односот на брзината на струењето на топлинската енергија и разликата меѓу надворешната и внатрешната температура меѓу кои се наоѓа прозорецот. Мерната единица во која се изразува овој параметар во Европа е W/m3 K.

3. Материјалот од кој се направени рамките.

Tondach покривни прозорци

 Дрвото е природен материјал кој традиционално се користи за изработка на рамки на прозорци. Една од придобивките на дрвените прозорци е што даваат оптимална изолација, но и струење на воздухот што го намалува влијанието на кондензацијата. Импрегнацијата и премачкувањето на дрвото со квалитетен еколошки премаз придонесуваат за долготрајноста на овие прозорски единици. Така, безбојните површини лесно се чистат и се одржуваат. А оставаат простор и за личен печат, односно за дополнително боење на рамките по желба. 

4. Начинот на вградување.

Tondach покривни прозорци

Освен самите карактеристики на материјалите и изработката на покривните прозорци, важен е и начинот на вградување, кој придонесува за енергетската ефикасност на прозорците. Дури и прозорците кои имаат ефикасна изолација мора да бидат правилно поставени за да не предизвикаат влага и провев. При вградувањето важно е да се посвети внимание на косината на покривот. Со соодветно поставување и со дополнителните материјали, прозорецот станува функционален и максимално придонесува за комфорот на домот.

Широка понуда на покривни прозорци Tondach

Во нашата понуда можете да пронајдете различни модели на покривни прозорци: Comfort, Project, Energy+ и Smart Pro. Сите тие доаѓаат во различни димензии и може да се поставуваат на покриви со различни косини.

Доколку сè уште имате недоумици околу изборот на покривни прозорци за вашиот дом, тимот на „Винербергер“ ви стои на располагање за да ви го олесни процесот на донесување на одлуката со своите стручни совети. 

email, chat and telephone symbols

За цени и набавка

Контактирајте ги нашите комерцијални претставници

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба