Мал чекор во изборот, голем чекор за покривот

Или како полесно до брзо, едноставно и лесно градење на нов покрив со ќерамидите со голем формат

Сите знаеме колку е стресно да се гради куќа. Тоа е период кога треба да се донесат многу одлуки и да се направат вистински избори. Треба да изберете добри изведувачи, но и квалитетни материјали за градба.

Сепак, изборот на ќерамидите е нешто што е креативно и интересно, затоа што со покривот се заокружува изгледот на целата куќа.

Ако сте мечтаеле за тоа вашата куќа да изгледа модерно, тренди и елегантно, во овие замисли треба да се вклопи и изгледот на покривот. Доколку и вие сакате вашиот покрив да биде петтата фасада на вашиот дом, да биде функционален и убав, а работењето на него да заврши брзо и едноставно, сакаме да ве посоветуваме како да направите мал чекор во изборот, кој ќе има големо значење за вас и за вашиот покрив.

Затоа, со задоволство ви ги претставуваме придобивките од градење со нашите модерни ќерамиди со голем формат. 

Помалку е повеќе

Архитектурата на 21 век

Кога зборуваме за стилот и за дизајнот, често го слушаме изразот: „помалку е повеќе“. Но дали сте знаеле дека тоа се зборови на познатиот германски архитект Лудвиг ван дер Рое, кој се смета за еден од основачите и пионерите на модерната архитектура? И дека кога Ван дер Рое зборувал за едноставноста на формата и ги кажал овие зборови, зборувал токму за покривите на градбите?!

Архитектурата на 21 век нема еден доминантен стил, како што беше модернистичкиот во 20 век. Но кога се во прашање современите семејни куќи, видливи се влијанијата на модерната и на традиционалната архитектура, кои доживеаја спојување на нов начин, преку задржување на најдобрите елементи од двата стила. 

Зошто да изберете ќерамиди со голем формат?

Функционални, трајни и со сјаен изглед

Како одговор на современите трендови на градење куќи и покриви, во нашата палета на производи ги нудиме ќерамидите со голем формат Continental 9 и Twiston 9, за кои апсолутно важи правилото: помалку е повеќе.

Станува збор за природни ќерамиди, кои се печат на висока температура, но со најсовремена технологија на печење во т.н. касети во Н-формат, што овозможува совршена мазност на површината на ќерамидата  и беспрекорен изглед. Ќерамидите се достапни во повеќе бои и се енгобирани, што придонесува и за функционалноста, за трајноста и за сјаен изглед на ќерамидата.

Димензиите на ќерамидите со голем формат од 30 х 50 cm овозможуваат покривање на еден квадратен метар од покривот со само 9 ќерамиди! Исто така, нивната тежина е оптимизирана, со што се намалува оптоварувањето врз покривната конструкција. 

Други предности на ќерамидите со голем формат:

  • Идеални за модерна архитектура
  • Можност за поставување на наклони поголеми од 10 степени
  • Едноставно и брзо работење на покривот
  • Дел од системско решение за покрив
  • Соодветни керамички и некерамички додатоци
  • Компатибилни со покривните прозорци од Tondach
  • Стабилно и долготрајно решение
  • Подигнување на вредноста на недвижниот имот/куќата

Градејќи покрив со ќерамидите Tondach со голем формат (Continental 9 или Twiston 9), можете да бидете сигурни дека сте го направиле вистинскиот избор.

Повеќе за ќерамидата со голем формат Continental 9 можете да дознаете тука.

Покривите од други материјали не можат да одговорат на многу од барањата за пријатно и сигурно живеење под вашиот покрив. Токму затоа, глинените ќерамиди од Tondach доаѓаат во прв план кога е во прашање градење со квалитетни, природни материјали за кои имате и писмена гаранција од 33 години!

Construction worker with tablet computer, Fast Forward Commercial Excellence

Имате ли прашања за нас или за нашите производи?

 Контактирајте нè и ќе ви помогнеме!

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба