Ќерамиди Tondach Continental 9

Покривот е петтата фасада на куќата и од изборот на покривното решение зависат целосната визија и завршниот изглед на градбата. Во исто време, тој треба да обезбедува сигурна заштита од различните атмосферски влијанија. Во тој поглед, би сакале да ви го претставиме нашиот нов модел на ќерамиди Tondach Continental 9, со кој би сакале да ви понудиме производ не само со подобрен дизајн и изглед, туку и со подобрени технички карактеристики. 

Технологија на производство и естетика

Нова производствена технология

Ќерамидите Tondach Continental 9 се естетски производ со одличен изглед и мазна површина, издржлива на атмосферските влијанија. За време на производството, глината минува низ многу фина подготовка, за да се зачуваат природните квалитети на ќерамидата, но и техничките показатели. Тие се произведуваат со најнова технологија на печење во т.н. касети во Н-формат, за да се избегнат т.н. „контактни точки“ по површината со другите ќерамиди при печењето и да се осигура нивната совршена рамност и одличната естетика. 

Боја и површина

Енгобирана површина

Ќерамидите Tondach Continental 9 се со енгобирана површина. Енгобите претставуваат раствор од метални оксиди и фино иситнета глина. Применетиот раствор се нанесува со распрскување врз веќе исушената ќерамида, затоа што на тој начин се обезбедува рамномерно распределување на енгобата врз површината на ќерамидата. По печењето, енгобата нераскинливо се врзува за основата на ќерамидата и се добива естетски производ со долготрајна и сигурна обвивка. Ќерамидите Tondach Continental 9 во моментов ги има во антрацит, а оваа модерна боја дополнета со исчистениот изглед на моделот уште денес може да ви го овозможи посакуваниот модернистички изглед на покривот. 

Подобрени технички карактеристики на производот

По-добра водонепропускливост

Придобивките на новиот модел ќерамиди на „Винербергер“ - Tondach Continental 9 не застануваат само кај одличниот изглед на производот и новите димензии. Кај овој нов модел е оптимизирана и тежината на ќерамидите со што оптоварувањето на квадратен метар е само 32,4 kg/m2, со што се намалува и оптоварувањето врз покривната конструкција, а со тоа и врз конструкцијата на градбата. Една од основните цели на „Винербергер“ е подобрувањето на техничките карактеристики на производите. Со високата температура на печење на ќерамидите Tondach Continental 9, зголемени се нивната цврстина и непропустливоста на вода. Дополнително, тие имаат нов поголем формат на димензии 30 х 50 cm, што значи дека се потребни само 9 ќерамиди за да се покрие еден квадратен метар.

Сигурност и заштита

Освен производството на висококвалитетни производи, обезбедувањето долг период на користење на целиот покрив и безопасна средина за корисниците е основна задача на „Винербергер“. Климатските промени, зголемувањето на честотата и силата на невремињата водат до зголемување на барањата од покривните конструкции. Во тој поглед, „Винербергер“ нуди палета керамички и некерамички додатоци, кои го дополнуваат покривниот систем и служат за обезбедување долг живот на покривот и целосна отпорност при силни невремиња, снежни навеви и обилни дождови. Елементите за прицврстување, како држачите за прицврстување не дозволуваат поместување и/или подигнување на ќерамидите при силни ветрови. Климатските промени се земени предвид и при новиот дизајн на ќерамидите Tondach Continental 9. Со профилираниот вертикален фалц се обезбедува подобро прицврстување на ветробраните, соодветно се намалува ризикот за доаѓање до штети на покривот при силни невремиња, како и трошоците за поправка.

Освен шајките за фиксирање на ќерамидите при ветер, „Винербергер“ за новиот производ нуди и снегобрани, кои служат за спречување на лавинско свлекување на големи маси снег, што би го загрозило здравјето и животот на минувачите покрај куќата. Правилното задржување на снегот е особено важно во зоните со поинтензивни врнежи на снег, каде што можат да се користат и цели системи со снегобрански решетки. Дополнително за задржувањето на снегот можете да прочитате тука

За долгиот живот на покривот

Системско решениjе

Обезбедувањето доволно добра вентилација на покривната конструкција има клучна улога во постигнувањето одличен комфор во таванските простории и долг период на користење на покривот. Поради тоа, како дополнување на поставувањето летви со контралетви, димензионирани со соодветна висина за обезбедување добра циркулација на воздухот, заедно со елементите за вентилација на покривниот систем, како вентилациските ленти, паропропусната фолија и др., „Винербергер“ препорачува и поставување на вентилациски ќерамиди, кои се дел од системот на Tondach Continental 9, со кои ќе осигурате беспрекорно користење на вашиот покрив уште долги години.

Поглед кон ѕвездите

Комбинирајте со покривни прозорци Tondach

Откако сме си обезбедиле убав и сигурен покрив, под кој ќе ги сонуваме нашите соништа, можеме храбро да уредиме свое катче во пространството под покривот, во пријатно прибежиште од забрзаното секојдневие и да сонуваме на крајот на денот, гледајќи во ѕвездите. Совршено решение за тоа се покривните прозорци Tondach, кои со својата широка палета на модели и димензии ќе ви овозможат со леснотија да ги оспособите за престој просториите под покривот. Со неколку помали прозорци или со еден-два поголеми ќе внесете повеќе светлина и ќе го стоплите срцето на темните простории под покривот. Надворешните и внатрешните ролетни, пак, ќе се погрижат за зачувување на ладниот воздух при жешките летни месеци. Во што ќе го претворите вашиот нов простор, зависи само од вашата храброст да ѝ се препуштите на имагинацијата. А кој модел на прозорец да го изберете ќе ви биде лесно со советите што ќе ги најдете тука.

Construction worker with tablet computer, Fast Forward Commercial Excellence

Имате ли прашања за нас или за нашите производи?

 Контактирајте нè и ќе ви помогнеме!

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба