Сакате да го уредите вашиот двор и да добиете летен дом на отворено? Нема подобра одлука, ако нè прашате нас! Во продолжение прочитајте на што треба да размислувате додека ги правите плановите.

Сакате да го уредите вашиот двор и да добиете летен дом на отворено? Нема подобра одлука, ако нè прашате нас! Во продолжение прочитајте на што треба да размислувате додека ги правите плановите.
Периодот на пандемијата, кој се надеваме дека засекогаш го оставивме зад нас, освен лошите, ни донесе и добри работи. Во изминатите две години поминувавме повеќе време со најблиските, се свртевме кон природата и го сфативме значењето на дворовите за одмор и дружење.
На средина на пролетта, во пресрет на топлите и жешки летни денови, сè почесто се фаќаме себеси како размислуваме за уредување или доуредување на дворот. Затоа што во лето, дворот ни е домот.
Со цел да ви помогнеме најдрагото место за одмор да го претворите во мала оаза на спокојот, направивме список на пет работи на кои треба да размислувате при уредувањето на дворот. Знаеме дека работата на секоја од нив е предизвик сама по себе, но нема поголемо уживање кога ќе видиме како стариот обичен двор сме претвориле во приватен рај и привлечно место за дружење.
Дворот не е исто што и градина, но тој може да биде интересен мозаик од парчиња градина. Сè што треба да направите е да размислите со какво зеленило сакате да го исполните и убаво да ги распоредите елементите.
Тревникот е нешто што се планира и засадува многу однапред, така што ако сега решите да го правите, оставете место за него, па навратете му се следната пролет. Кога станува збор за цвеќињата, сите имаме различен вкус – некои сакаат во дворот да доминира зеленото, додека други уживаат во раскошно шаренило на сите видови, форми и бои на цвеќињата. Како и да решите, цвеќињата дефинитивно му вдахнуваат живот на дворот и, едноставно, морате да ги имате.
Тука се и грмушките и природната зелена ограда, кои секогаш можете да ги израснете по рабовите од вашиот двор за попречување на несаканите погледи на соседите или минувачите.
Контактирајте ги нашите претставници за продажба!
Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу
Не ги пропуштајте најновите вести од нас