Доаѓаат топли денови, како создадени за уживање надвор. Подгответе го дворот за пријатните мигови со семејството и пријателите според најновите светски трендови.
1. Парченца од тропските краишта
Далечните убавини ни доаѓаат дома
Долгиот период на затвореност што ни го наметна пандемијата, направи на сите да ни недостигаат патувањата. Затоа, оваа година далечните убавини ни доаѓаат дома, во форма на: тропски растенија.
Добредојдени се сите африкански цветни убавици, необични кактуси, палми, азиски дрвенести растенија и грмушки... Сè што нè потсетува на животот подалеку од дома додека сè уште траат рестрикциите за патувања во многу земји е апсолутно добредојдено за да нè направи да се чувствуваме подобро.