Product manager and roofer talking checking product information in attic under renovation

5 зошто, 5 затоа за вентилацијата на покривот

Кога доаѓате до моментот да правите покрив, веќе сте исправени пред еден голем предизвик. Прашањата што сте си ги поставиле и на кои сте добиле одговори се сигурно многу.

Но, дали сте размислувале и за вентилацијата на покривот?

Со оглед на големата важност на оваа тема, ви подготвивме листа на најчесто поставуваните прашања до нас за вентилацијата и нашите одговори на нив. 

Прашање бр. 1: За што служи вентилацијата на покривот?

Одговор

Покривот е петтата фасада на куќата. Тој го штити домот од надворешните влијанија и врз него паѓа главниот товар за справување со временските услови како ветер, дожд, снег, град. Меѓутоа, меѓу таванот на куќата и покривот постои потпокривен простор, во кој треба да има отвори за влегување и излегување на воздух, за да се избегне создавањето на влага и мувла, а и за одржување на квалитетот на воздухот во домот.

Прашање бр. 2: Дали покривот мора да има вентилација?

Одговор

Вака или онака, сите покриви имаат вентилација. Меѓутоа, за да биде извршена правилно функцијата на проветрување на потпокривниот простор, потребно е инсталирање на специјално осмислен систем за вентилација, како што е системот на Тондах. Нашиот систем располага со додатоци за покрив, со чие правилно вградување, покривот беспрекорно дише.

Прашање бр. 3: Што сè е потребно да има покривот за добро да се вентилира?

Одговор

Списокот на додатоци кои се грижат за целосна и правилна вентилација на потпокривниот простор, се состои од: природни глинени ќерамиди, вентилациски ќерамиди, паропропусна фолија, вентилациска лента, вентилациски елементи за стреа, снегобрани итн. Планот за распоредување и поставување на овие елементи препуштете им го на стручните лица, изведувачите, кои се обучени за тоа, но сепак консултирајте се на време за да може вие или тие да набават сè што е потребно за покривот. 

Прашање бр. 4: Како да знам дека вентилацијата на покривот функционира?

Одговор

Главната функција на системот за вентилација е влегување и излегување на воздух од потпокривниот простор, односно проветрување. Доколку во него секогаш има свеж воздух и не се појавува влага и мувла - вашиот покрив добро вентилира.

Прашање бр. 5: Каде да се обратам за да добијам покривно решение со систем за вентилација?

Одговор

„Винербергер“ е компанија со двовековна традиција во производство на градежни материјали, а нашиот бренд Тондах е број еден бренд на ќерамиди во Европа. Ова доволно говори за нашето искуство и знаење, така што доколку сакате помош за вашиот покрив - на вистинското место сте. Нашиот тим за продажба ви стои на располагање за сите информации поврзани со набавка на производи за покривно решение со вграден систем за вентилација. Слободно контактирајте ги ТУКА

email, chat and telephone symbols

За цени и набавка

Контактирајте ги нашите комерцијални претставници

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба