Зошто да инсталирате снегобрани, какви системи на снегобрани постојат, како да пресметате колку снегобрани ќе ви бидат потребни за вашиот покрив...? Подолу се одговорите на овие и на многу други прашања во врска со: СНЕГОБРАНИТЕ.
Зошто да инсталирате снегобрани, какви системи на снегобрани постојат, како да пресметате колку снегобрани ќе ви бидат потребни за вашиот покрив...? Подолу се одговорите на овие и на многу други прашања во врска со: СНЕГОБРАНИТЕ.
И покрај сончевите зраци деновиве, не треба да заборавиме дека зимата сè уште трае и дека своите заби уште ќе ги покажува. Зимските студови и снегови се вообичаена појава во февруари во нашите краишта. Затоа, вистинско време е да се информирате за тоа што значи снегот за покривот на вашиот дом и кој е најдобриот начин да го заштитите.
Косите покриви се конструирани за да можат бргу да се ослободуваат од водата на нив. Дождот веднаш се лизга во олуците, но приказната со снегот е поинаква. Свежиот снег се насобира на површината на покривот и неговото задржување таму зависи од косината на покривот, од типот на ќерамиди и од тоа дали покривот има или нема вграден систем за задржување на снег.
Снегобраните Tondach се изработени од квалитетен материјал и со својот дизајн и системско распоредување, ги имаат следните предности:
Во зависност од видот на покривот и типот на ќерамиди, нашите снегобрани можат да се постават во три видови на системи:
1. Линиски снегобрани – ова е систем на линиски решетки, кои се поставуваат паралелно со стреата во вториот ред на ќерамиди. Со оглед на површината на покривот, доколку е потребно, може да се монтираат во повеќе редови. Овој систем е универзално решение за секој вид на ќерамиди.
2. Точкести снегобрани – систем на индивидуални метални снегобрани, кои се поставуваат во вториот ред од стреата на секоја ќерамида, а на останатата површина на покривот се распоредени во решетка, која се одредува врз основа на пресметката на количината на снегобрани по квадратен метар. Во овој систем, снегобраните се специјално дизајнирани за конкретен тип на ќерамида.
3. Комбинација на линиски и точкести снегобрани – во зависност од видот и големината на покривот, видот на објектот и површините околу него, може да се употребат и двата система комбинирано.
Едно од прашањата на кои најмногу сакаат да добијат одговор оние што се заинтересирани за инсталирање снегобрани е потребната количина. За да се утврди точната количина, треба да се земат предвид следниве фактори: локација на објектот (надморска височина), оптоварување со снег (локално количество на снежни врнежи), површина на покривот во m2, косина, тип на покрив и тип на ќерамиди.
На покривите на јавните институции, над влезовите и од страната на пешачките површини и патиштата потребно е да се вгради дополнителен систем за безбедност при снег (Tondach линиска решетка), без оглед на косината на покривот. Со глазирани ќерамиди (Tondach Color+), потребната количина на снегобрани се зголемува за околу 25%.
Искористете го нашиот калкулатор и лесно и едноставно пресметајте ја количината на потребни снегобрани за вашиот покрив.
Контактирајте ги нашите претставници за продажба!
Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу
Не ги пропуштајте најновите вести од нас