Reference rodinný dům Vroutek 2018 - střešní krytina Tondach Figaro 11 engoba černá & Zdivo Porotherm 38 Profi a Porotherm 25 AKU Z | Wienerberger

Водич за градење квалитетен покрив во 5 чекори

Не е лесно човек да се информира за сè. Но, не смеете да си дозволите да не соберете доволно информации ако треба да градите покрив.

Нашето секојдневие е исполнето со постојано купување. За некои работи дури не ни размислуваме кога ги купуваме, а за други потребно ни е долго време додека да ја донесеме вистинската одлука.

Алиштата, чевлите или мебелот ни траат година, пет или десет, но има работи, како што е на пример покривот, кои треба да ни служат секој ден од годината, до крајот на животот и за нив вреди сериозно да се размислува.

Но, сите знаеме дека не е лесно човек да се информира за сè. Сепак, дури и да сте најголеми лаици кога станува збор за градежни материјали, не можете да си дозволите да не соберете доволно информации за еден од најважните делови на вашето живеалиште. Токму затоа, го составивме овој водич кој чекор по чекор ќе ви покаже како да стигнете до квалитетен покрив за вашата куќа. 

1. Барајте квалитетни глинени ќерамиди

Tondach

 

Во време кога ни е неопходно да бидеме што поблиску до природата, не можеме а да не препорачаме материјали кои доаѓаат од природата. Глината, како природен материјал од кој се прават ќерамидите, низ времето се има докажано како најиздржлив и најсоодветен материјал за покриви. Покривот направен од глинени ќерамиди, како што се нашите Tondach, ќе го штити вашиот дом без разлика на атмосферските услови, климатските промени и ненадејните невремиња

2. Информирајте се кои ќерамиди се најсигурни

Tondach

Сè тече, сè се менува... Да, ама и не! Не сакаме покривот да ни тече и не сакаме да се менува. Сакаме да остане таков каков што ќе го направиме. Издржливоста на сите атмосферски влијанија е нешто што се бара на нашите простори, каде што секоја сезона е полна со изненадувања. Елементите на нашиот покрив треба да имаат висок степен на отпорност на мраз, одлична водонепропустливост, заштита од прегревање и стабилност при силен ветер. Сите тие карактеристики ги имаат ќерамидите Tondach, а дополнително имаат и оптимална тежина на квадратен метар, која не ја оптоварува непотребно носечката конструкција и висок степен на огноотпорност

3. Дознајте повеќе за предностите на системското решение

Tondach

Веруваме дека веќе знаете: покривот не е само ќерамиди. Покривот е целосно системско решение, кое се грижи за ослободување од водата и за функционирање како еден организам што дише. Видливиот дел го сочинуваат елементи како капаци и завршни ќерамиди, елементи за вентилација, снегобрани, но има и елементи што не ги гледаме, како паропропусната фолија, закопчувалки за фиксирање на ќерамиди, вентилациски ленти, опшивки... Меѓу дополнителните елементи што можат да се постават на покривот се заштитна мрежа против птици, вентилациски ленти за стреа, опшивка за оџак итн. Секој покрив си бара посебна комбинација на различни елементи, така што побарајте од професионален изведувач да ви посочи кои елементи од системското покривно решение треба да ги има вашиот покрив. 

4. Морате да се осигурате дека вашиот покрив ќе дише

Tondach

Здравата средина за живеење е задолжителна за секој дом. Кога се гради куќа, се посветува големо внимание на изолацијата на ѕидовите, но не треба да заборавиме дека и покривот треба да може да дише. Добрата вентилација е важна во сите зони каде што има контакт со вода и со водна пареа. Ги отвораме прозорците за да спречиме кондензација и влага на ѕидовите, но што се случува со покривот? Покривот од Tondach самиот ќе се погрижи за тоа ако е изграден правилно и според упатствата на производителот.

5. Видете ја гаранцијата и размислете за цената

Tondach

Сертифицирани и докажани производи на кои со сигурност можете да се потпрете? Ви звучи многу сложено? За среќа, на македонскиот пазар има испитани производители, кои нема да го изневерат одличниот квалитет што го ветуваат. Таква е нашата фабрика „Винербергер“ во Виница, во која работат над 120 вработени, кои се грижат за беспрекорниот квалитет на нашите производи. За да бидете сигурни дека ќе го добиете тоа што го ветуваме, ние нудиме гаранција од 33 години за вашиот покрив. Животот е исполнет со многу несигурности, но затоа ние се грижиме домот да остане сигурен, бидејќи сигурноста нема цена. Од друга страна, сите знаеме и дека цената што однапред изгледа најевтина, на крај излегува најскапа, затоа што евтините производи честопати со себе повлекуваат постојани тешки и скапи поправки. А високиот квалитет можете да го имате. Можеби по повисока цена, но инвестицијата во квалитет на долг рок секогаш се исплаќа! 

Нашите колеги од тимот за продажба се секојдневно на терен и безрезервно ви ја нудат својата помош за сите прашања. Не двоумете се, слободно контактирајте ги и по брза постапка стигнете до најквалитетен Tondach покрив за вашиот дом и за мирен сон. 

email, chat and telephone symbols

За цени и набавка

Контактирајте ги нашите комерцијални претставници

Дали ви треба дополнителна помош?

Ви нудиме бесплатна техничка поддршка

Контактирајте нѐ!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не пропуштајте ги најновите вести од нас

Продажба