Reference photo new construction single family in Izegem

Даваме најголем ваучер досега: 5.000 денари за твојот нов покрив

И оваа пролет „Винербергер“ – Македонија ја спроведува својата редовна пролетна кампања за истакнување на придобивките од градење покрив со природни материјали. 

Градењето нов дом е голем животен потфат и само тие што биле исправени пред него знаат што значи тој и колкава е неговата тежина.

А пролетта е годишното време кога најмногу се планираат градежни активности за целата година – градење или доградување куќи, градење нови или реновирање на старите покриви. 

Сигурни под својот покрив со Tondach

Што е сигурно, сигурно е!

Токму затоа, нашата компанија со години наназад во пролетните месеци ја спроведува кампањата за истакнување на придобивките од градење покрив со природни материјали, какви што се нашите ќерамиди Tondach.

Оваа година, кампањата се одвива под мотото „Што е сигурно, сигурно е!“ затоа што ние знаеме колку многу човек може да се потпре на сигурноста на Tondach.

Направени од основните природни елементи: земја, вода, воздух и оган, нашите ќерамиди ги носат придобивките на живеење во природна средина во вашиот дом. Во исто време, благодарение на најсовремената технологија за производство, која ја имаме усовршувано повеќе од два века, произведуваме ќерамиди кои обезбедуваат сигурна заштита на вашиот дом при сите временски услови и природни катастрофи. Што е особено важно во денешно време, нели?

Да биде човек безбеден под својот покрив при променливото време како резултат на климатските промени и да не се грижи за сигурноста на своите најблиски е вистински благодат. А ние сигурноста на вашиот покрив ја гарантираме за најмалку 33 години.

Што е сигурно, сигурно е!

Одете на сигурно со ваучер од 5.000 денари

Како до ваучер

Дополнително, она по што е препознатлива нашата пролетна кампања е и доделувањето ваучери за градба на нов покрив.

Принципот е едноставен: ако планирате да градите, регистрирајте се тука и добијте ваучер кој можете да го искористите за купување ќерамиди во текот на целата година.

За нас квалитетот е на прво место, но знаеме и дека секоја заштеда е добредојдена, особено во овој тежок период од финансиска гледна точка. Токму поради тоа, оваа година вредноста на ваучерот е 5.000 денари – повеќе од кога било досега!

Затоа, што е сигурно, сигурно е! Побарајте ваучер сега, а новиот покрив Tondach градете го тогаш кога ќе можете. 

Tondach

Вредносниот ваучер од 5000 денари е наменет за купување на Tondach ќерамиди и може да се искористи до крајот на годината.

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба