Traditon 9

Дали покривот треба да дише на есен?

Есента носи промени во температурата, зголемена влага и чести врнежи. Прочитајте како дишењето на покривот е поврзано со неговата сигурност.

На прагот на есента, нормално е да почнеме повеќе да размислуваме за сигурноста на нашите домови. Во овој период од годината, тие се соочуваат со промени во температурата, зголемена влага и чести врнежи. Така, покривот станува штит за одбрана на домот од атмосферските влијанија.

А, за покривот да може непречено да си ја извршува својата функција на заштита на домот, неопходно е да дише.  

Што значи покривот да дише
покривна конструкција

Што значи покривот да дише?

Дишењето на покривот, за кое многу често зборуваме ние во „Винербергер“, значи правилна циркулација на воздухот низ покривната конструкција и во потпокривниот простор, односно добра вентилација. Со тоа:

  • се спречува задржување на влага;
  • се намалува ризикот од кондензација;
  • дрвената конструкција и изолацијата остануваат суви;
  • се спречува појавувањето мувла;
  • покривот има подолг век на траење.

Во есенските месеци, кога има голема разлика помеѓу дневните и ноќните температури, опасноста од кондензација е најголема. Ако покривот не дише, постојаната влага може да предизвика појава на мувла, гниење на дрвените летви или оштетување на изолацијата – а сето тоа до нездрав воздух во домот и несигурен покрив.

Зошто системските решенија се важни?

Покривот не го сочинуваат само ќерамидите.

Да, природните ќерамиди што и самите имаат способност да дишат се клучни за покривот, меѓутоа за покривот правилно да се вентилира, потребно е да биде инсталиран како целосен систем од ќерамиди и од дополнителни елементи.

Затоа, освен ќерамидите, за целосно системско покривно решение потребни се и:

Зошто да изберете системски покривни решенија Tondach?

придобивки со гаранција

Tondach, како дел од групацијата „Винербергер“, е бренд со вековна традиција и високи стандарди. Системските покривни решенија Tondach обезбедуваат:

  • Целина од поврзани елементи – ќерамидите и дополнителните елементи беспрекорно се надополнуваат.
  • Совршена вентилација – специјално дизајнирани елементи што овозможуваат покривот да дише.
  • Енергетска ефикасност – со правилната вентилација и изолација, домот ја задржува топлината во зима и свежината во лето.
  • Естетика и стил – богат избор на форми и бои на ќерамиди и складни дополнителни елементи кои се слеваат во естетиката на секој тип архитектура.
  • Долговечност и издржливост – покривот како системско решение е посигурен и трае подолго.

Есента е вистинскиот момент да подзастанете и да размислите за сигурен покрив. Доколку сте на прагот да градите нов или да го реновирате стариот, искористете ја нашата промотивна понуда и побарајте ВАУЧЕР ОД 100 ЕВРА за вашиот нов покрив Tondach. Затоа што кога покривот дише – домот долго живее!

Landing page cover mk voucher campaign Tondach

Промотивна понуда

Добиј ваучер од 100 евра за вашиот нов покрив 

Слични статии

Дали ви треба дополнителна помош?

За цени и набавка

Контактирајте ги нашите комерцијални претставници

Локации на дистрибутери

Пронајдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете сѐ за Newsletter

Не пропуштајте ги нашите промоции и новитети

Продажба