RS_Porodicna_kuca_Twist_2020

Twiston 9

Нов производ во семејството на ќерамидите со голем формат на Tondach

Благодарение на тоа што се со голем формат, ќерамидите Twiston 9 се монтираат значително побрзо. Овој модел е особено погоден за покриви со голема површина, кои не се сложени како конструкција. Така, со Twiston 9 се постигнува чист и модерен изглед. 

Нова технологија на производство

Модернизирана фабрика, Кањижа

Twiston 9 е најновата ќерамида со голем формат, произведена со целосно новата технологија во модернизираната фабрика во градот Кањижа во Србија. Ќерамидите се произведуваат во т.н. Н-касети за печење, претходно оформени од особено фино иситнетата глина. Тоа, во комбинација со специјалните гипсени калапи во кои се пресуваат ќерамидите, овозможува постигнување на исклучително мазна површина на ќерамидата и добивање на естетски издржан производ. 

Главни карактеристики на производот

  • Голем формат на ќерамиди
  • Висока температура на печење
  • Помала тежина по квадратни метри
  • Профилиран вертикален попуст за држачи за прицврстување против ветер
  • Естетски пријатен производ

Голeм формат на ќерамидата

Благодарение на тоа што се со голем формат, ќерамидите Twiston 9 се монтираат значително побрзо. Овој модел е особено погоден за покриви со голема површина, кои не се сложени како конструкција. Така, со Twiston 9 се постигнува чист и модерен изглед. 

 Висока температура на печење

Испечен на висока температура, овој модел на ќерамиди покажува исклучителни резултати во однос на неговата јакост на притисок, која достигнува 2,5 kN, и исклучително ниски коефициенти на апсорпција на вода, што е особено важно за региони со честа појава на минусни температури во текот на зимата. А сите знаеме дека незадржувањето вода на телото на ќермидата спречува таа да замрзнува и со тоа ги спречува и потенцијалните оштетувања од таквото замрзнување.  

Помала тежина по квадратни метри

Заедно со ниската тежина (само 3,5 kg по парче или 31,5 kg на m2), која не ја оптоварува дрвената конструкција, овој модел е оптимален и од чисто технички аспект и често се претпочита не само за нови градби, туку и во случаи на реновирање. Може да се користи при цели 5 cm опсег на лизгање (од 37,5 до 42,5 цм), без да биде потребно сечење на последниот ред и на тој начин да се постигне рамномерен и чист изглед. 

Обезбедување на покривот

Како и за другите производи, така и за оваа ќерамида, „Винербергер“ целосно се погрижи за сигурноста. Преку специјалниот профилиран страничен фалц се обезбедува сигурно прицврстување на држачите на ветробраните и таа останува сигурно прицврстена на двојните летви. Заедно со двата отвора за прицврстување во горниот фалц, овој модел може да се искористи при покриви со многу остар наклон, а се почнува со минимален наклон на покривот од 15 степени за да се стигне до речиси вертикални наклони. Секако, производот е опремен со сите основни системски додатоци (керамички и некерамички) за да се гарантира долготрајна експлоатација без никакви проблеми на покривот со децении и децении. 

Модерен изглед на покривот

И ако досега ги разгледувавме само техничките параметри на овој нов производ, не треба да ги заборавиме и естетските. Ќерамидите со голем формат Twiston 9 се достапни во три бои: кафеава, неро и антрацит. Тоа ги прави особено привлечни за згради со модернистички архитектонски стил. 

Construction worker with tablet computer, Fast Forward Commercial Excellence

Имате ли прашања за нас или за нашите производи?

 Контактирајте нè и ќе ви помогнеме!

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба