Umbriano гранитно сива

Umbriano уникатност

Карактеристики на Umbriano бехатонот што го прават уникатен.

Ако ви кажеме колку е важно во животот да бидете свои, нема да ви откриеме ништо ново. Бомбардирани сме со изрази како „self love“, „биди тоа што си“, и „никогаш не се споредувај со другите“. Накратко, како сè да се сведува на едно - да бидете и да останете уникатни. Си го поставивме прашањето - зошто уникатноста е толку интересна за нас?

Честопати слушаме дека нешто има висока цена затоа што е уникатно. Уникатно е нешто единствено, целосно специфично. Нешто што секогаш кога ќе го погледнеме изгледа ново и поинакво. На кое му се восхитуваме. Повеќе од јасно е зошто толку многу ја сакаме уникатноста.

Уникатни во вашиот двор

Единствените производи се секогаш барани. Никогаш не излегуваат од мода. Затоа, не е изненадувачки што нашите купувачи често бараат производи кои ќе го направат нивниот дизајн - единствен. Затоа, одлучивме да развиеме производ што ќе ги исполни највисоките критериуми за дизајн. Го нарековме Umbriano.

Пејзажите на италијанскиот регион Умбрија не инспирираа во осмислувањето на овој бехатон. Но, што всушност го прави толку посебен?

1. Не постојат два исти Umbriano производи

Самиот поглед на овој бехатон/плочка остава впечаток дека станува збор за површина од природен гранит. Имено, секој бехатон е со уникатни шари. Не постојат два производи со ист распоред на гранитните зрна во површината. Обидете се да пронајдете две идентични Umbriano плочки - нема да успеете. Процесот на производство е специјален, уникатен и меѓународно патентиран.

2. Голем избор на формати и бои

Umbriano е многу ексклузивен производ. Причината е тоа што има прилично голем избор на формати и бои. Исто така, правилните линии и формата без рабови ги исполнуваат највисоките критериуми за дизајн. Производот е достапен во две бои: гранитно сива и гранитен антрацит. Во гранитно сивата, зрна од темен гранит се нанесуваат на светла основа, а во гранит антрацит, основната боја е темно сива, а гранитните зрна се исто така антрацитни. Значи, вие всушност имате гранитни плочки или бехатон со сите предности на бетонските производи.

3. Убав, но и практичен

Ние не застанавме само на уникатниот дизајн! Нашата цел беше да понудиме целосен производ. Пријатен за око, но и практичен во секојдневниот живот. Нашиот Umbriano е отпорен на сол и замрзнување. Исто така, одржувањето е повеќе од лесно благодарение на Semmelrock Protect. Попрецизно, бетонот за овој производ дополнително се хидрофобира и станува отпорен на впивање на вода, а со тоа и на впивање на дамки, што резултира со полесно чистење на површините.

За да не оставиме сè на зборови, ви прикажуваме неколку примери на дворови што се направени со Умбријано бехатон. Инспирирајте се!

Umbriano гранитно сива
Construction worker with tablet computer, Fast Forward Commercial Excellence

Имате ли прашања за нас или за нашите производи?

Ние сме тука за вас!

Дали ви треба дополнителна помош?

За цена и набавка

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријава за Newsletter

Не пропуштајте ги нашите новитети

Слични статии

Продажба