Уникатната слика кои ја создаваат површините со производите UMBRIANO®, дава природна убавина и го нагласува карактеристичниот сјај на секој простор.

Уникатната слика кои ја создаваат површините со производите UMBRIANO®, дава природна убавина и го нагласува карактеристичниот сјај на секој простор.
Оригиналната естетска вредност на патентираната технологија за производство на UMBRIANO® е ценета низ целиот свет, не само со илјадници квадратни метри производи сместени во проекти со различна функционалност и воодушевувачки изглед, но и со престижни награди и номинации за ексклузивен дизајн како што се ,,Design Germany Awards 2012’’ и „IF Product Award 2011”.
Класичниот изглед за „стариот европски град“, формирана од плочки со голем формат и згради со прекрасни украси од гипс, камени темели и сл., лесно ги впива плочките UMBRIANO® и ги претвора во дел од таа симбиоза што создава чувство на хармонија и потсетува на класичната ера. Без наметливост, оригиналната слика на UMBRIANO® го привлекува вниманието и дискретно ја насочува кон архитектонските елементи по фасадите, акцентите и деталите, кои се издвојуваат во однос на оваа класична позадина.
Плочките UMBRIANO® се производи на Semmelrock Premium кои имаат импресивна препознатливост, благодарение на нивниот ексклузивен изглед и високиот квалитет. Совршената комбинација на специјално избрани материјали и различните техники на дополнителната обработка гарантира висока функционалност и естетска вредност.
Производите со единствената „ситно-грануларна структурна површина“ се произведуваат во различни формати и дебелини, во зависност од функционалноста на теренот.
Благодарение на нивниот индивидуален изглед, производите овозможуваат комбинации помеѓу различни формати со цел да се постигнат оптимални резултати. Производите во формат 50 х 25 и 75 × 25 со дебелина од 8cm, лесно се вклопуваат во проекти поврзани со реновирање или изградба на урбана средина, како што се паркови, плоштади, градски градини, шеталишта и др.
Елегантниот и истовремено привлечен изглед на површината на производите е резултат на специјално избраните природни бои, во површинскиот слој, измешани на посебен начин, како резултат од патентираната технологија за производство.
Преплетувањето на светли и темни честички во површината со хомоген изглед создава чувство на „природен гранит“, а правилните рабови го претвораат секој елемент од поплочувањето UMBRIANO® во завршна обработка, компатибилен со различни архитектонски стилови.
Контактирајте ги нашите претставници за продажба!
Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу
Не пропуштајте ги нашите новитети