Човекот е дело на природата и дел од природата. Од древни времиња, тој бил свесен за четирите основни елементи кои ја сочинуваат природата (земја, вода, воздух и оган) и нивната важност за неговиот живот.
Човекот е дело на природата и дел од природата. Од древни времиња, тој бил свесен за четирите основни елементи кои ја сочинуваат природата (земја, вода, воздух и оган) и нивната важност за неговиот живот.
Живееме на планета чија површина 70% се состои од вода, а и самото наше тело речиси 70% е вода. Сите знаеме дека без вода нема живот, а нема живот ни без воздух. Нашето здравје во голема мера зависи од тоа каква вода пиеме и каков воздух дишеме.
Зависи и од тоа каква храна јадеме. А квалитетот на храната, на житарките, овошјето и зеленчукот зависи од квалитетот на земјата во која растат. Тука е и сонцето, тој голем оган што цел свет го грее, кое нè снабдува со светлина, топлина и сончева енергија.
Направени се од глина, која се состои од земја и вода и се печат на високи температури од над 800° за да можат да добијат голема цврстина, издржливост и трајност, а воедно и отпорност на пожари. Во процесот на оформувањето на глината се ставаат и дрвени струганици, кои при печењето горат и оттаму се добиваат порозни шуплини кои на глинените производи им овозможуваат да дишат.
Глинените тули обезбедуваат топлинска изолација, но и можност за акумулација на топлината. Комбинацијата на овие две способности го дефинира квалитетот на климата во просторијата во зависност од температурата. Затоа, глинените тули обезбедуваат стабилна собна температура во текот на целата година: просториите ги одржуваат топли во зима и значително го намалуваат ризикот од прегревање во лето.
Компанијата „Винербергер“ веќе два века е посветена на дизајнирање и производство на 100% природни производи, кои вашиот дом ќе го направат природно и здраво место за живеење, каде што бескрајно може да се ужива во прекрасните мигови поминати со семејството.
Глинените производи обезбедуваат оптимална температура и влажност во просториите, па се идеален избор за градење. Порозираната глинена тула овозможува циркулација на воздухот, па ѕидовите буквално дишат. Покрај тоа што не испуштаат никакви загадувачи или алергени во воздухот во внатрешноста на просториите, градежните материјали од глина можат да ја регулираат влагата на природен начин. Тие придонесуваат за здрава и пријатна атмосфера во просториите и благосостојба на оние што престојуваат во нив.
Контактирајте ги нашите претставници за продажба!
Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу
Не ги пропуштајте најновите вести од нас