Семејство

Како до поквалитетен воздух во домот?

Доаѓа зима, а со неа и загадувањето на воздухот. Ако не можеме да направиме многу за да го подобриме квалитетот на воздухот на отворено, можеме да влијаеме на воздухот што го дишеме дома.

Додека есента полека преминува во зима, загаденоста на воздухот бргу ќе почне да станува алармантна. Како и секоја година, до нас ќе стигнуваат препораки од надлежните да избегнуваме спортски активности на отворено, па дури и прошетки во периодите со најголема загаденост.

Ситуацијата ќе нè тера што помалку да се задржуваме надвор и што повеќе време да поминуваме дома. Меѓутоа, знаеме ли каков ни е воздухот дома? Неквалитетниот домашен воздух води до бројни тегоби, главоболки, мачнини, сува кожа, алергии, па и до хронични болести на белите дробови и срцето.

Оваа грејна сезона, поради поскапувањето на струјата бројот на домови што се греат на дрва ќе биде во пораст, а со тоа и загадувањето. И, можеби нема да можеме да направиме многу за да го подобриме квалитетот на воздухот на отворено, но затоа можеме да влијаеме на воздухот во домот.

Еве неколку препораки и совети кои можете да ги претворите во здрави навики што оваа зима ќе ви го чуваат здравјето дома. 

1. Ослободете се од тутунскиот чад и мирис

Избегнувајте пушење дома. Цигарите и чадот од тутунот содржат висока концентрација на загадувачи кои можат негативно да влијаат на квалитетот на воздухот во вашиот дом. За да го освежите домот во кој се пушело, во тенџере со вода ставете каранфилче, цимет или ванила и оставете го околу еден час да врие на тивко. Домот со сигурност ќе ви замириса поубаво. 

2. Отстранете ги алергените и гриниите

Алергените постојано кружат во воздухот, а гриниите се населуваат во душеците, постелнината, тапацираниот мебел, теписите и завесите и виреат во потемни и повлажни простории. За да го спречите нивното создавање и ширење, често менувајте ја постелнината и перете ја на 60°, а со правосмукалка длабински чистете ги креветите и душеците. 

3. Зголемете ја циркулацијата на воздухот

За да се ослободите од непријатниот мирис на застојаниот воздух, зголемете ја циркулацијата на воздухот во вашиот дом. Зимно време се препорачува на секои два часа да проветрувате по 10 минути, а ако имате некој болен по дома, неопходно е темелно да проветрувате за да ги елиминирате бактериите и вирусите. Доколку надвор е презагадено, размислете да набавите прочистувач на воздух.  

4. Природни прочистувачи

Собните растенија го разубавуваат просторот, но во исто време и го подобруваат квалитетот на воздухот. Ако ги поставите низ сите соби, значително ќе го намалите количеството на јаглерод диоксид во вашиот дом. Популарните собни растенија кои го подобруваат квалитетот на воздухот се: алоето, бамбус-палмите, зелениот лилјан, драцената, бенџаминот, индијанското перо.

5. Не ги прегревајте просториите

Ништо не е толку добра подлога за инфекции како прегреаниот, задушлив воздух. На чувствителните особено им пречи сувиот воздух, кој иритира и тера на кашлање. Сите имаме различни стандарди, меѓутоа највисоката температура во домот би требало да биде 22 °.

6. Регулирајте ги испарувањата

Испарувањата од готвењето, сушењето алишта и пеглањето се исклучително штетни. Вишокот влага сериозно го нарушува здравјето на белите дробови, го отежнува дишењето и е еден од причинителите на астма. 

7. Редовно одржувајте ги клима-уредите и грејните тела

Доколку се греете или догревате на клима, сериозно сфатете го чистењето на надворешните филтри секоја недела и годишното внатрешно чистење на уредот, затоа што не сакате дома да имате распространувач на болести. Истото се однесува и на радијаторите и греалките. Со правосмукалка исчистете ги внатре, а со влажна крпа однадвор и намалете го ризикот од горењето на прашината напластена од минатата сезона.

8. Градете паметно

Доколку ја имате привилегијата периодов да размислувате за градење нов дом, имате можност за квалитетот на воздухот во идниот дом да се погрижите уште сега. Како? Со тоа што ќе градите паметно! Градењето со квалитетни природни материјали, какви што произведуваме ние во „Винербергер“, ќе му овозможи на домот вистински да дише и да се прочистува. Покривната конструкција со системските решенија Tondach не предизвикува алергиски реакции и во домот нема да има емисија на никакви штетни материи. Нашите керамичките тули Porotherm се природни регулатори на влажноста, со што ја минимизираат опасноста од формирање на мувла, така што површината на внатрешните ѕидови секогаш ќе биде сува и топла на допир, а со тоа и воздухот најквалитетен што се може. 

Construction worker with tablet computer, Fast Forward Commercial Excellence

Имате ли прашања за нас или за нашите производи?

 Контактирајте нè и ќе ви помогнеме!

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба