Spacious living room interior with a corner sofa and armchair next to a dining table with chairs standing by the window

6 начини како да внесете топлина во домот

Топол дом. Не треба да бидете експерти за внатрешно уредување за да го препознаете. Едноставно, тоа е дом во кој кога ќе влезете, веднаш добивате убаво чувство, чувство на пријатност и удобност и желба што подолго да останете во него.

Во пресрет на студените есенски и зимски денови, ви претставуваме шест начини на кои во вашиот дом можете да внесете (дополнителна) топлина. А кога топлите елементи ќе се вгнездат, тие ќе останат во текот на целата година да зрачат со позитивна енергија, страст и интимност во домот. 

1. Есенски бои во ентериерот

За топли бои се сметаат сите нијанси на црвена, жолта и портокалова, како и златната – најскапоцената меѓу боите. Всушност, главните бои на есента. Секоја од овие бои има симболично значење кое понекогаш знаеме интуитивно да го насетиме и природно да ни дојде да се опкружиме со таа боја, затоа што нè потсетува на нас. Црвената симболизира љубов, страст и радост и може значително да го подобри расположението, но со оглед на тоа што станува збор за силна боја, не треба да се претерува со неа. Жолтата е симбол на интелигенција, разум и светлина и делува поттикнувачки, а портокаловата боја претставува сјај, плодност и богатство и делува свечено. Златната, пак, е бојата на моќта, знаењето и на владеењето и најголем ефект се постигнува со неа кога ја носат деталите. За да ја одржите елегантната и конзистентна вибрација во домот, комбинирајте најмногу три нијанси со слични тонови и бои. 

2. Топлината на теписите

Еден од наједноставните начини на кои може да се трансформира една просторија и да ѝ се вткае чувство на топлина е со ставање теписи. Рачно изработените теписи се најчест избор на оние што сакаат долготрајно и квалитетно решение за домот, но и машински произведените теписи имаат свои предности. Нивните адути се издржливоста, поволната цена и флексибилноста при изборот на бојата, дезенот и влакната. Токму тука до израз можат да дојдат топлите бои. За тепихот што подобро да се вклопи во целиот простор, внимавајте и на тоа барем една од неговите бои да одговара на украсните детали во домот. 

3. Играјте со ткаенините

Текстурата е еден од најлесните и најефикасните начини просторот да се направи попривлечен. Мешањето на текстурите е од суштинско значење за создавање топол и интересен простор, па размислете за текстилот на мебелот за седење, постелнината, прекривките, перничињата, завесите... Вештачкото крзно, кожата и јадро плетените прекривки се идеални просторот да го направите разновиден и пријатен, особено ако боите се неутрални и комплементарни на останатите топли бои во ентериерот. 

4. Внесете елементи од природно дрво и глина

Боите на природното дрво совршено се вклопуваат во топлиот тоналитет. Затоа, изборот на дрвен под или на дрвен мебел во кафеави тонови е идеален. Исто така, било да станува збор за столови во дневната соба, работна маса или за целата кујна, дрвото лесно се одржува, трае со години и дава чувство на поврзаност со природата.

Топлината во домот можете да ја дополните и со присуство на природна глина. Керамичките украси се одлични за поставување на дрвениот мебел, а и ѕидовите изѕидани од декоративни тули се впечатлив и привлечен момент во вашиот дом, кој го привлекува погледот и го буди чувството на топлина.  

5. Вложете во добро осветлување

Осветлувањето е многу важно за да може да се одржува топлата атмосфера во домот и во вечерните часови кога нема дневна светлина. Внимателно избраното амбиентално осветлување, кое се постигнува со лампи што стојат на масички или на под и кое зрачи со топла жолта светлина е неопходниот естетски печат на топлиот дом.

6. Растенијата се секогаш добредојдени

Растенијата носат живот и живост, а нивните богати бои се во прекрасен контраст со есенската палета на топли бои. Исто така, тие даваат чувство на мир и на поврзаност со природата, а имаат и докажани здравствени предности, како што е прочистувањето на воздухот – нешто што на сите ни треба во месеците на голема загаденост.

Ако вашиот дом има добар поглед кон природен зелен пејзаж, можеби и нема да ви треба многу зеленило во внатрешните простории. Но, и покрај тоа, со само неколку стратешки поставени цвеќиња веруваме дека ќе успеете да го внесете чувството на природа во својот дом и со тоа да ја зголемите топлата и пријатна атмосфера во него. 

Construction worker with tablet computer, Fast Forward Commercial Excellence

Имате ли прашања за нас или за нашите производи?

 Контактирајте нè и ќе ви помогнеме!

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба