Reference photo private landscaping in Geel

Кои се трендовите на најубавите дворови за лето 2023-то

Надворешните простори на еден дом се исто важни како и внатрешните. За ова стануваме особено свесни кога ќе дојде лето и кога сакаме да поминуваме што повеќе време надвор. 

Reference photo private landscaping in Gent
уредување на дворот

Создавајќи убави за око, корисни или интересни катчиња, можете целосно да уживате и да се опуштите додека престојувате на отворено. А, секако, можете и блиските да ги воодушевувате за време на летните вечери или викендите со скара и дружење.

Ако сте решени оваа година да се зафатите со уредување или преуредување на дворот – знаеме дека сакате тоа да биде по последна мода. Затоа, ги истраживме и ви ги претставуваме најважните светски трендови кога е во прашање уредувањето на дворот за ова лето, 2023-то.  

Зелен ѕид за восхит

Semmelrock

Еден од неколкуте начини дворот да го направите впечатлив е да се потрудите да направите барем еден зелен ѕид. Без разлика дали имате голем двор или мало градинче, зелените ѕидови внесуваат посебен шарм во изгледот на целата куќа. А и не се нешто многу тешки за правење. За изработка можете да користите шишиња за вода, стари садови и други предмети што можете да ги цртате, украсувате и дизајнирате по ваш вкус и во нив да посадите зачински билки или украсни растенија. Обидете се боите на садовите што ќе служат како саксии да ги усогласите со боите и стилот на вашата куќа и со сигурност ќе имате зелен ѕид за восхит!

Детско дворче во дворот

Semmelrock

Општо земено, дворовите се места каде што возрасните сакаат да го поминуваат времето, но да се разбереме, децата – обожаваат! Базен или лизгалки со вода, лулашки и лежалки закачени на дрвја, мали масички за јадење надвор... само решете да одвоите еден дел од дворот за децата и како и да го уредите, сигурно нема да погрешите. Но, детското дворче оваа година е нешто што е тренд и веруваме дека тоа е со причина! А, дополнително, сигурни сме дека во сите овие работи направени специјално за нив, нема да уживаат само децата 😉.

Алфреско!

Semmelrock

Сте чуле за алфреско? Тоа е италијански израз („al fresco“) со буквално значење „на свежо“, а најчесто се користи за јадење и правење други работи на отворено, во природа. Оваа година трендот на „алфреско“ простори го достигнува својот врв. Без разлика дали ви одговара кујна или катче за пикник, голем простор за седење и дружење, мала библиотека, вежбална или место за забава – алфреско местото лесно може да стане средишно место во вашиот двор. 

Замислете – метал!

Semmelrock

Да, добро прочитавте. Низ годините, на трендовите за надворешно уредување имаат влијаено различни материјали. А оваа година дојде ред токму на металите. Големите еднобојни метални саксии, надворешните масивни столбови или ѕидови обложени со лимени панели и пергола-тендите се вистински контраст на природната средина на дворот. 

Брановидни дворови

Semmelrock

Последен, но затоа и особено интересен тренд кога станува збор за дворовите годинава, е внесување „флуидност“ во нив. Како се постигнува тоа? Па, едноставно, следете ја формата на брановите: со правење кривулести патеки и рабови, со заоблени клупи или со посадување растенија со навиткани листови покрај патеките и околу масите и столовите. Овој дизајн обично се практикува кај мали квадратни дворови, но може да „легне“ и на попросторни дворови.

Referencia Umbriano sivo-biela
Semmelrock бехатон

Каков и да е вашиот двор и колкави и да се промените што сакате да ги направите, сигурни сме дека ако имате желба да го направите вашиот двор поубав и помодерен, ќе успеете во тоа.

Како експерти за уредување на надворешни површини, ние сме тука да ви помогнеме со нашите производи за поплочување Semmelrock (бехатон, плочки, рабници и додатоци), како и со одводните канали SemDrain, развивани до најсовремена технологија за да одговорат на потребите за модерно надворешно живеење на човекот. 

Construction worker with tablet computer, Fast Forward Commercial Excellence

Имате ли прашања за нас или за нашите производи?

 Контактирајте нè и ќе ви помогнеме!

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба