И вашиот двор може да биде во чекор со модата! Погледнете ги светските трендови во надворешното уредување за оваа сезона и изберете го првиот чекор за негова модерна трансформација.
И вашиот двор може да биде во чекор со модата! Погледнете ги светските трендови во надворешното уредување за оваа сезона и изберете го првиот чекор за негова модерна трансформација.
За неколку денови почнува летото, а со него и желбата убавите и свежи вечери да ги поминуваме надвор и да уживаме во дворот. А за тоа уживање да биде поголемо, сакаме нашиот двор да биде што поубав.
Како што сите знаеме, дворот не е нешто што се прави еднаш и трае засекогаш. Напротив, овој наш омилен летен простор на отворено секоја нова сезона си бара „одржување“ за да остане во форма.
Знаејќи го тоа, ви ги претставуваме најжешките трендови за разубавување на дворот за ова лето 2024-то.
Има луѓе кои уживаат во средување на својата градина. Но, уште повеќе, има луѓе кои сакаат да имаат своја градина, но да уживаат во неа без да треба многу да работат. Токму ваквите градини се во мода ова лето, а нив можете да ги постигнете со садење зимзелени дрвца кои бараат помалку наводнување или диви цветни грмушки кои се автохтони на нашето поднебје.
Надворешно осветлување кое се управува од телефон, регулирање на температурата на водата во базенот или џакузито преку апликација, паметен систем за наводнување на градината... списокот на работи во дворот кои можат да бидат паметни е многу долг, а најдоброто од сè е што инвестицијата во нив се враќа преку сметките за струја и вода.
Контактирајте ги нашите претставници за продажба!
Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску
Не ги пропуштајте најновите вести од нас