Уредени приоди, уникатни градини, прекрасни места за седење, неодоливи базени и... – дознајте која е тајната на совршените дворови!

Уредени приоди, уникатни градини, прекрасни места за седење, неодоливи базени и... – дознајте која е тајната на совршените дворови!
Двор. Оваа површина која е нашиот дом надвор од домот, во летните денови станува центарот на нашиот живот. Тука уживаме во утринското кафе. Со жал го напуштаме одејќи на работа и со радост му се враќаме. И со нетрпение чекаме да се подзалади за да излеземе и да го почнеме нашиот вечерен живот на максимално уживање во дворот.
Без разлика дали сакате сами да читате книга додека ви пеат штурците, да навивате на фудбалски натпревари со пријателите или да правите луди забави – знаеме дека сте неизмерно вљубени во својот дом под небото и дека постојано се вложувате да го направите дворот што поубав.
За инспирација, ги споделуваме со вас оние делови од дворовите што нè фасцинираат и што придонесуваат еден двор да се нарече: совршен!
Доколку ова лето размислувате да интервенирате во одредени делови од вашиот двор и да ги разубавите со импресивни плочници – тука се нашите павер-елементи Semmelrock.
Широкиот асортиман на бои, текстури и формати на бехатон, плочки и рабници од повеќето линии на Semmelrock се производи со највисок квалитет на пазарот, со голема издржливост и трајност.
Зад нас стојат традицијата и искуството долги над 60 години, а пред вас слатките маки да ги изберете најсоодветните павер-елементи за да стигнете до вашиот совршен двор!
Контактирајте ги нашите претставници за продажба!
Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску
Не ги пропуштајте најновите вести од нас