Modern scandinavian interior of living room with design grey sofa, armchair, a lot of plants, coffee table, carpet and personal accessories in cozy home decor. Template.

Зима, поткровје и цвеќе – можно ли е?

Ако и вие ѝ припаѓате на онаа благословена група луѓе кои имаат поткровје во својата куќа или во својот стан, на вистинското место сте за да дознаете како да го направите максимално пријатно и убаво. 

Иако кај нас првата асоцијација за поткровјето најчесто е несредена и темна таванска просторија која служи како склад за непотребни работи, времињата се менуваат. Со текот на годините и со зголемувањето на потребата за поширок простор за живеење, сè повеќе луѓе решаваат да инвестираат и поткровјето да го искористат како продолжен внатрешен простор.

На поткровје можете да направите дневна соба или кујна, спална или детска, просторија за работа или за релаксација. Со други зборови – можете да го искористите за тоа за што ви е потребно.

Средувањето на поткровјето е предизвик сам по себе, со оглед на специфичноста на просторот, за кој постојат безброј идеи како да се уреди и дизајнира да биде практично, модерно и удобно. Но, за да биде просторот максимално пријатен, во него морате да го внесете најнеопходното нешто: дневна светлина. 

Најдете го совршеното место

Токму тоа е и условот што треба да биде исполнет за одговорот на прашањето од насловот да биде: ДА! Да, можно е да ги споите зимата, поткровјето и цвеќето само и само ако имате доволно светлина.

Ако овој услов ви е исполнет, а тоа лесно се постигнува со нашите покривни прозорци, тогаш веќе можете да размислите кои се местата на кои би одговарало да ги поставите идните зеленила. Најпрепорачливи се:

- прозорските штици,

- места на подот покрај вратите и прозорците и

- сите повисоки површини каде што во текот на денот има константна светлина.

Што да изберете, а да не згрешите

Драцена
Драцена

Во суштина, најпрепорачливи видови на цвеќиња и растенија со кои можете да го украсите вашето поткровје се оние кои успешно виреат на нашите простори. Ако сте почетник, сепак, најдобро е да почнете со најсигурните.

На пример, изберете висока драцена за покрај врата. Ова собно растение со прекрасни тенки свиткани листови во целосно зелена боја или со шарени линии ќе внесе вистинска елеганција во вашето поткровје. Драцената сака светла просторија, но не и изложување на директно сонце, и место каде што одвреме-навреме има струење на воздухот. 

Потоа, раззеленете ги штиците под прозорците. Тука најдобро легнуваат сите видови на сукуленти, кои сакаат светлина и кои можете понекогаш и да заборавите да ги полеете, затоа што во себе апсорбираат вода и можат да издржат без неа подолго време. Сукулентите ги има во многу бои и нијанси, така што изборот на најсоодветните на стилот и уредувањето на поткровјето веруваме дека ќе ви биде вистинско уживање. 

И, време е и за нешто цветно! Секоја маса на поткровјето, без разлика дали е висока, ниска или украсна масичка, е погодно место за поставување саксија со убаво расцутено цвеќе. Циклама, темјанушка, гаденија, антуриум ... – сè зависи од тоа какви бои сакате да внесете во просторот и кои цветови најмногу му годат на вашето око.

Од останатите растенија со кои можете да разубавите уште некое делче од поткровјето, тука се: замијата, сансеверијата, шефлерата, монстерата, ѓаволската лоза, разни видови калатеи, ползавци итн. 

Резултатот: живот во вечна пролет

За крај, колку и да е општо познато, уште еднаш сакаме да повториме зошто е убаво домот, а особено поткровјето, да се украси со зеленило и цвеќе.

Растенијата произведуваат кислород, придонесуваат за поздрава клима за живеење и влијаат на нашето расположение. Природата ни помага да се ослободиме од стресот и да го намалиме заморот, како и да ја одржиме нашата смиреност. Кога сме постојано опкружени со зеленило, дури и во сивите и студени зимски денови, во нас ќе цути вечна пролет.

А на растенијата, исто како и на луѓето, потребна им е убава дневна светлина за да расцутат во сиот свој сјај. За да го постигнете тоа во вашето поткровје, неопходно е да го опремите со практични покривни прозорци, со оглед на недостатокот од простор за поставување на класичните, ѕидни.

За инспирација, погледнете ја нашата палета на висококвалитетни покривни прозорци од Tondach. Со нив добивате оптимално ниво на осветленост и можност за проветрување на поткровјето.

Lifestyle image

Ви треба понуда за покривни прозорци Tondach?

 Контактирајте нè!

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Пронајдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не пропуштајте ги новитетите од светот на архитектурата и градежништвото

Слични статии

Продажба