MK_MKT_PHO_WINTER_SNOW_ON_THE_ROOF

Подготовки на покривот за зимата

Ги проверивте ли ќерамидите, дрвената конструкција, олуците? Прочитајте како да бидете сигурни дека вашиот покрив е подготвен за зимата!

Со доаѓањето на студените зимски денови, нашите домови стануваат нашето топло дувло, местото каде што со задоволство го поминуваме најголемиот дел од времето. На зима правиме долги филмски маратони со семејството, ги славиме нашите домашни слави и се дружиме со луѓето што ги сакаме.

Сепак, додека најголема грижа ни е домот да ни биде добро затоплен, често забораваме на првата линија на одбрана на нашиот дом од надворешните влијанија, а тоа е: ПОКРИВОТ.

Во текот на целата година покривот е изложен на силно сонце, ветришта и дождови, но во зимските месеци времето најмногу ја тестира неговата издржливост. Затоа, подготовката на покривот пред да почне зимата е клучна за да избегнете непријатни изненадувања, скапи поправки и оштетувања, кои можат да ја загрозат благосостојбата во вашиот дом во најстудените месеци. 

Опасности за покривот во зимските услови

ненадејните појави на дожд, снег и бури

Нашето географско поднебје во последните години станува непредвидливо во однос на временските услови – ненадејните појави на дожд, снег и бури станаа секојдневие, исто како и екстремната промена на температурата.

Овие постојани промени само ги засилуваат сериозните проблеми што може да ги имаат покривите пред почетокот на зимата:

  • Влага и кондензација. Комбинацијата од студен воздух надвор и топлина внатре во домот знае да предизвика создавање кондензација во потпокривниот простор, доколку тој не дише, а тоа постепено доведува до влага, мувла и гниење на дрвената конструкција.
  • Силни ветришта и бури. Тие можат да ги изместат старите ќерамиди, па дури и да ги скршат или да ги одвеат, отворајќи пад за влез на водата во домот.
  • Замрзнување на водата во олуците. Кога водата од силни дождови или од топењето на снегот влегува во олуците затнати од есенски лисја и замрзнува во студените ноќи, тоа сериозно може да ги оштети. А непротекувањето на водата, пак, го зголемува притисокот врз покривот.
  • Наталожување на снег и мраз. Големите пластови снег создаваат тежина што може да предизвика попуштање или пукање на деловите од дрвената покривна конструкција. 

Практични чекори за подготвка на покривот за зимата

Tondach системско решение

Добрата подготовка на покривот за предизвиците што ги носи зимата може да ги спречи проблемите што можат да настанат. За таа цел, ова е нашата препорака на практични чекори што секој сопственик на куќа може да ги направи за да се осигура дека покривот е подготвен за зимата што доаѓа:

  1. Разгледајте ги убаво сите делови на покривот. Проверете дали сите ќерамиди се здрави, дали има изместени ќерамиди и дали дрвената потконструкција е неоштетена.
  2. Исчистете ги олуците. По есента која ги оддувува лисјата на дрвјата и голем дел од нив носи во олуците, тие се затнуваат и го попречуваат одводот на водата од дождот и од стопениот снег.
  3. Проверете ја изолацијата на покривот. Добрата изолација спречува топлински загуби и кондензација во потпокривниот простор. Проверете да не има оштетувања, а доколку воопшто немате ставено, размислете да поставите, на пример, паропропусна фолија, која ќе му помогне на вашиот покрив да дише.
  4. Размислете како можете да го подобрите покривот. Заштитата што ја нуди покривот може да се подобри со вградување дополнителни елементи, како: снегобрани, заштитни решетки за птици, отвори за излез на покривот...

Доколку утврдите големи проблеми и решите да реновирате

Tondach системско решение

Одлучете се да изградите системско покривно решение од Tondach, кое се состои од 100% природни ќерамиди и керамички и некерамички додатоци за квалитетен и сигурен покрив, за кој ќе добиете 33 години гаранција.

Зимата е најтешко време за покривот, но не и за покривот за кој се грижите. Со навремени проверки и интервенции, вашиот покрив може да ги издржи сите предизвици и да го чува вашиот дом безбеден и сигурен. 

email, chat and telephone symbols

За цени и набавка

Контактирајте ги нашите комерцијални претставници

Слични статии

Продажба