Летото годинава ни дојде порано. Топлите денови нè повикуваат времето да го поминуваме надвор, а еланот за работа на сите ни е голем. Затоа, ова е вистинско време да се зафатите со еден голем проект: правење покрив!

Летото годинава ни дојде порано. Топлите денови нè повикуваат времето да го поминуваме надвор, а еланот за работа на сите ни е голем. Затоа, ова е вистинско време да се зафатите со еден голем проект: правење покрив!
Кога на вашиот покрив очајно му треба реновирање, тоа треба да се направи веднаш, без разлика кое годишно време е. Меѓутоа, кога се гради куќа или кога се знае дека за брзо време ќе чукне часот за реновирање, човек може да планира.
Доцната пролет, со вакви убави топли денови, е вистинското време за тоа!
Ако го имате луксузот да го изберете ова идеално време за разгледување и планирање, дозволете ни максимално да ви ја олесниме работата.
Како компанија со вековна традиција и искуство, ве водиме по петте чекори кои ќе ве одведат кон нов совршен покрив за вашиот дом:
1. Разгледајте ја понудата на ќерамиди. Иако покривот не е само ќерамиди, она што се гледа се ќерамидите и затоа изборот на вистинската ќерамида е половина завршена работа. Во зависност од местоположбата на куќата и планираната косина на покривот, можете да одберете ќерамиди со помал или со поголем формат. Во зависност од финансиските средства што можете да ги издвоите, можете да изберете меѓу природни, енгобирани или глазирани ќерамиди. Каков и да е вашиот избор, сигурни сме дека во палетата производи на Tondach ќе го најдете тоа што ви е потребно.
2. Искористете го нашиот онлајн-калкулатор. Лесно и едноставно пресметајте колку ќерамиди ви се потребни за да знаете отприлика колку ќе ве чини вашиот нов покрив.
3. Покривот како системско решение. Кога зборуваме за покрив, ние зборуваме за едно целосно системско решение кое ќе го штити вашиот дом од сите временски неприлики, но и ќе му овозможи да дише. Во нашата понуда, сите додатоци за системско решение на покрив, како капаци, снегобрани, разделници на било... ги имаме во истите нијанси и типови како и ќерамидите, за нивно природно претопување во целосниот изглед на покривот.
4. Контактирајте ги нашите комерцијални претставници. Нашата експертиза ви стои на располагање да ви помогнеме во процесот на избор и планирање. Според продажниот регион, контактирајте некој од нашите колеги за сите информации во врска со цената и набавката на ќерамидите.
5. Пронајдете го најблиското складиште за набавка на материјалите. Посетете го најблиското складиште до вас, погледнете го изборот кој го нудиме и одберете ја посакуваната ќерамида. Со нашите партнери дистрибутери ќе се договорите за цена и достава на производите. Бидете спокојни за квалитетот, ви нудиме гаранција од 33 години. Гаранцијата на Винербергер е писмена потврда дека компанијата е посветена на тоа да биде ваш сигурен партнер во следните 33 години.
Квалитетната заштита, долготрајноста и привлечниот изглед се трите главни карактеристики кои луѓето ги бараат при градењето или реновирањето покрив. Сето тоа ќе го добиете со Tondach, избирајќи нè за партнер во стигнувањето до вашиот нов покрив.
Ние работиме гледајќи кон иднината на домувањето, но и со стремеж вашиот дом да го претвориме во местото од вашите соништа.
Контактирајте ги нашите претставници за продажба!
Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу
Не ги пропуштајте најновите вести од нас