Tondach A4 - Voucher Landing Hero Image

Tondach покрив - Врвна заштита за вашиот дом

Сигурноста секогаш е на врвот. A на врвот се нашите покривни решенија кои се број 1 во Европа. Вие и вашето семејство заслужувате најдобар покрив за вашиот дом.

Boy handing over a cookie heart to his mother while father is pouring tea into cups
Дома сме најбезбедни

Домот е местото кое нè сплотува, заштитува, обезбедува. Во домот семејството е најсигурно. Во овие кризни времиња знаеме дека најважно е да останеме безбедни и дома. Затоа што дома ја имаме најголемата заштита. Сега кога и го поминуваме најголемиот дел од времето токму дома, имаме можност да обратиме особено внимание на важноста што ја има самиот покрив кој е на врвот од вашиот дом врз квалитетот на живот за целото семејство.

Ако знаете дека е повеќе од неопходно да го реновирате покривот или да градите нов покрив, тогаш сте на вистинското место.

Ние ќе ви помогнеме со комплетно решение и целосно оправдана инвестиција затоа што системот за покривање од Тондах не прави компромиси.

Со врвните системски решенија на Тондах ќе можете да се радувате на сигурноста, квалитетот, безбедноста и естетиката на вашиот покрив.

Со Тондах ќе обезбедите покрив од трајна вредност за идните генерации!

Ви нудиме единствена можност да ги искористете придобивките на покривниот систем Тондах и да добиете вредносен ваучер од 50 евра за вашата нова градба или реновирање на покрив. Регистрирајте се за вредносен ваучер и искористете го до крајот на 2020 година.

Винеам - македонски производ со супериорна предност

Image
Винеам ќерамида

Винеам е целосно природна глинена ќерамида, направена со користење на најквалитетна македонска глина и со најсовремени технологии за нејзина прецизна обработка. Совршената површина на ќерамидата изработена со оваа технологија, се одликува со ненадминлива прецизност на формата и мазност на површината. Со векови глинените ќерамиди имаат докажана супериорност во однос на сите останати видови покриви на нашите простори.

Глинените ќерамиди се одлични звучни изолатори, го намалуваат влијанието на бучавата и создаваат пријатно опкружување.

Големиот избор на бои може да излезе во пресрет на сите естетски очекувања и да го нагласи вашиот вкус.

Вашиот покрив нека биде привлечен за окото на секој минувач. Винеам ќе ви овозможи да имате безбеден, долготраен и убав покрив со кој ќе се гордеете.

Бидете спокојни за квалитетот, имате гаранција од 33 години.

Идните генерации ќе ви бидат благодарни!

Предности на покрив Tondach

Reference photo new construction single family in Turnhout
Покрив Tondach
  • Wienerberger е водечки производител на ќерамиди во Европа
  • Традиција од 200 години
  • 100% природни производи
  • 33 години гаранција
  • Голема енергетска и финансиска заштеда
  • Промислена техника, најдобра заштита од временски непогоди
  • Флексибилна санација на сите форми на покрив
  • Бесплатна пресметка на потребниот материјал
  • Бесплатна техничка поддршка

Со глинените ќерамиди Тондах сте секогаш во добивка!

Искористете ја единствената можност да добиете вредносен ваучер од 50 евра!

Ваучерот кој го доделуваме е за еднократна употреба и може да се искористи до крајот на 2020 година, заклучно со 31.12.2020.

Ваучерот може да се реализира со набавка на минимална количина од 1500 ќерамиди Tondach, единствено од страна на лицето на чие име е ваучерот.

Добиениот ваучер е потребно да се отпечати и да се реализира исклучиво на продажните места - партнери на Винербергер.

Ваучерот важи само за објекти кои се градат во текот на 2020 година во Република Македонија.

Сите дополнителни информации се наведени во Општите услови при регистрација.

Санирајте го вашиот покрив со Tondach

email, chat and telephone symbols

Имате ли прашања за нас или за нашите производи?

Контактирајте нè и ќе Ви помогнеме!

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Најдете дистрибутер

Најдете го дистрибутерот што Ви е најблиску

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба