Градење во текот на сите четири годишни времиња, само со Porotherm PROFI & DRYFIX.extra!
Градење во текот на сите четири годишни времиња, само со Porotherm PROFI & DRYFIX.extra!
Градењето со тулата Porotherm PROFI и со лепилото DRYFIX.extra е многу брзо, едноставно и економично, може да се гради до -5 °C, а уште едно обележје на новиот систем за градење Porotherm PROFI DRYFIX.extra се чистите градилишта.
По градењето на темелите и подните плочи, треба да се постави хоризонтална хидроизолација за ѕидовите да не ја повлекуваат влагата од земјата. Тоа е особено важно, затоа што така се спречува скапото дополнително санирање на влажните ѕидови. За хидроизолација се употребува современа лепенка, која се поставува на слој ладен премаз. На ладниот премаз хидроизолацијата најпрво се поставува преку темелите под ѕидовите, така што кон внатрешната страна треба да биде поширока за околу 15 cm од ѕидот, за подоцна да се преклопи со изолацијата на подот.
По поставувањето на лепенката, треба да се обележи положбата и дебелината на ѕидовите според проектот. Пред подигнувањето на ѕидот, треба да се израмни подлогата. Поаѓајќи од највисоката точка за првата хоризонтална спојка на тулата, се поставува израмнувачки слој малтер со дебелина од околу 1,5 cm. Добро е да се користи уред за израмнување (специјално за дупчена тула – Nivelliermax), кој овозможува милиметарски точно отстранување на слоевите малтер од мерната летва. За израмнувачкиот слој малтер препорачуваме употреба на топлински малтер Porotherm TM 50.
Проверка на хоризонталноста на првиот ред тули POROTHERM PROFI.
Првата хоризонтална спојка се поставува на сè уште влажниот слој израмнувачки малтер. Многу е важно со најголемо внимание да се изведе прецизно поставување на првата хоризонтална спојка на рамната површина, потоа да се испита рамноста на површината и евентуално да се корегира со помош на 3-4 m долга летва. Тулите се редат една до друга, со систем на спојување.
Дозата од DRYFIX.extra потребно е пред употреба да се протресе околу 20 пати (пред секоја употреба) и да се стави на адаптерот на пиштолот. Потоа свртете ја навртката и држете на чкрапалото минимум 2 секунди (за цевката на пиштолот да се наполни, дозволете малку од лепилото да истече надвор). Излегувањето на лепакот се регулира со чкрапалото.
Површината на тулите на која ќе се лепи исчистете ја од прашина и добро навлажнете ја. На нивелираната основа нанесете паралелно две линии лепило со дијаметар од околу 3 cm и на растојание од 5 cm од работ на тулата. При ѕидови дебели 10 и 12 cm, се нанесува само една линија лепило.
Дупчената тула поставете ја пред стврднувањето на лепилото. Откако ќе се постави тулата, веќе не смее да се поместува. По употребата, пиштолот да се наполни со пена. На пиштолот секогаш оставете една наполнета доза. По употребата, дозата секогаш оставете ја во исправена положба.
Контактирајте ги нашите претставници за продажба!
Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу
Не ги пропуштајте најновите вести од нас