Contiton 12 е нова генерација на ќерамида што се произведува од домашна глина, во нашата фабрика во Виница, создадена за потребите на домовите градени на нашето македонско поднебје. Таа е целосно природна и се одликува со ненадминлива прецизност на формата и мазна површина. Има странично задебелување и изразено рамно вдлабнување. Идеална е за реновирање на покрив, бидејќи оптимално може да се вклопи на старите летви. Со тоа значително ќе заштедите и време и пари. Оваа ќерамида е една од најбезбедните, најефикасните и најубавите покривни материјали на нашите простори.
  • Димензии: 25.5 х 43.5 cm
  • Парчиња во м2: 12.3 парчиња
  • Покривна ширина: 21,60 cm
  • Покривна должина: 30.0-37.5 cm
  • Тежина по парче: 3,20 kg
  • Минимален нагиб на покрив со подконструкција: 15°
  • Покривна ширина: 21,60 cm
  • Парчиња во палета: 300 парчиња

Продажба