Играњето со глина го поттикнува развојот на сетилата кај децата, ја развива нивната фантазија и креативноста, го зголемува нивното внимание и им ја зајакнува самодовербата.
Играњето со глина го поттикнува развојот на сетилата кај децата, ја развива нивната фантазија и креативноста, го зголемува нивното внимание и им ја зајакнува самодовербата.
Човекот се раѓа без искуство за светот во кој доаѓа. Бебето уште во утробата на мајката гледа, слуша и на само неколку месеци прима тактилни дразби (допир) преку стомакот на мајката.
Потенцијалот за развој на детето во секоја смисла (физички, емоционален, сознаен) се развива преку искуствата по раѓањето. Способноста за спознавање на светот и неговите односи, љубопитноста и истражувачкиот дух се создаваат во првите години, а во најголем дел до седмата година од животот.
Најлесниот начин на кој детето сознава и созрева е преку играта. За него таа е многу сериозна работа и тука тоа е неуморно. Неговите игри се различни во зависност од возраста, но и полни со фантазија и неопходни за психофизичкиот развој. Тука е првото фаќање и фрлање, а потоа градењето и рушењето на патот до создавањето преку обликување со погодни материјали, како што се: тесто, пластелин и глина.
Додека детето игра со глина, тоа допира, гледа, мириса, па дури и слуша. Дали глината е топла или ладна? Каква боја е кога е влажна или сува? Како звучи кога ќе се стисне? Децата можат да ги зајакнат своите сетилни вештини додека учат како да манипулираат со материјалот претворајќи го во различни предмети и форми.
Многу играчки се направени за да ја развиваат фантазијата на децата, но мал дел од нив ги оставаат децата да замислуваат сами и од нула да направат нешто целосно ново и целосно свое. Глината ја стимулира љубопитноста, ги мотивира децата да решаваат проблеми додека работат на својот „проект“ и ги води кон тоа да создаваат тридимензионална уметност. Што е баш супер!
Глината може да биде многу жива, но и смирувачка активност. Работењето со глина е позитивен начин на изразување чувства, добар ослободувач од стрес и, со оглед на тоа што не е активност во којашто се брза, за децата таа е време поминато во спокој.
Најдобриот дел? Децата прават нешто од ништо. Топката може да не е совршено топчеста или куќата може да не изгледа баш како куќа, ама тие успеале. Не само што ќе се чувствуваат горди за тоа што го направиле, туку ќе добијат и чувство дека ги бидува за нешто што зависи само од нивната фантазија и прстиња.
За крај, колку што е важно децата да играат со глината како природен материјал, толку е важно во текот на своето растење и да бидат опкружени со најразновидни глинени производи.
Јадејќи од глинени садови или живеејќи во куќа со внатрешни ѕидови од декоративни тули, децата ќе станат уште посвесни за важноста на овој материјал во нашите животи и уште повеќе ќе го сакаат.
Контактирајте ги нашите претставници за продажба!
Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу
Не ги пропуштајте најновите вести од нас