Flock of swallows on electric wires on the background of blue sky.

За птиците врз кои ноќта и денот се делат

Овие денови, кога го испраќаме летото и сме на прагот на есента, со поглед ги испраќаме и последните јата ластовици кои заминуваат на својот лет на југ. 

Ластовиците се мали птици, кои тежат само по дваесетина грама, а способни се да прелетаат илјадници и илјадници километри. Штом денот почнува да се намалува, нивниот инстинкт за преживување проработува. Тие знаат дека тоа значи оти доаѓаат студени денови и дека нема да има доволно храна тука, па затоа се подготвуваат за пат.

Од нашиве простори, ластовиците ги прелетуваат Средоземното Море и Сахара, минувајќи денови и денови по различни временски услови за да поминат неколку илјади километри и да стигнат до посакуваната дестинација во Африка, каде што ќе презимат. 

Живот во лет

Ластовички

Налето ластовиците изведуваат неверојатни маневри во воздухот ловејќи инсекти, а познато е дека во текот на летото една ластовичка може да изеде околу милион инсекти. Во воздухот лесно се препознаваат поради опашката што потсеќа на маша. Токму таа опашка кај мажјаците е подолга и ги прави привлечни за женките. Должината на опашката на мажјакот го покажува неговиот квалитет, односно отпорноста на паразити. А со оглед на тоа што таа отпорност е наследна, со избирањето поквалитетен мажјак женката осигурува и поквалитетно потомство.

Ластовичките положуваат 4-5 јајца, на кои женката лежи околу две недели. Младенчињата, како и кај другите птици-песнопојки се раѓаат голи и слепи, а родителите во слепите очи им капнуваат сок од руса трева за да прогледаат. Преку лето родителите ги хранат младите и ги учат да летаат, за наесен подготвени да тргнат на својот долг пат. 

По зимувањето во Африка, паровите ластовици напролет се враќаат во истото гнездо, под истиот покрив, особено ако минатата година во него успешно ги исхраниле своите малечки, кои веќе се осамостоиле и ќе си прават свој дом. Неретко, и тие своето гнездо го прават во близина на родното. Гнездата ги градат во форма на длабока чинија, од кал, слама, плунка и пердуви.

Но, овие птици-преселници, за кои на нашиот Блаже Конески пееше дека се „птици врз кои ноќта и денот се делат“, под влијание на климатските промени, развојот на крупното земјоделство и сè поголемата употреба на пестициди, полека стануваат загрозени. 

Да им помогнеме за да продолжат да ни помагаат

Како компанија која во својата срцевина ја има природата, се чувствуваме должни кон нашите пердувести пријателчиња, со кои ја делиме потребата своите домови да ги правиме од природни градежни материјали. Уште минатата година „Винербергер“ – Македонија се придружи кон идејата за зачувување на биоразновидноста на ниво на целата групација „Винербергер“.

Имено, нашата приказна за производство на градежни материјали е тесно поврзана со градителската приказна на ластовичките. Со години наназад, фабриката во Виница во којашто се произведуваат природни производи за изградба на домови е и дом на многу ластовички. Од година во година, тие се враќаат во гнездата под стреите на нашата фабрика, тука се размножуваат и оттука ги подготвуваат своите малечки за лет кон потоплите краишта на есен. Од година во година, нивниот број расте и од година во година сè повеќе придонесуваат за „чистење“ на воздухот во Виница и околината од инсекти, со што и директно ни враќаат за нашето гостопримство правејќи ги летните навали од инсекти помали.

Ние веруваме дека да се има гнездо на ластовици под покривот е благодат и им се радуваме на ластовичките и наесен кога се подготвуваат да заминуваат, и напролет кога повторно ќе ни дојдат. Знаеме зошто одат и знаеме зошто доаѓаат, но можеме само да претпоставиме што сè преживуваат минувајќи до нивниот долг пат на преселба. Затоа, оваа есен им посакуваме добар пат и напролет ги очекуваме пак да ни се вратат. 

Construction worker with tablet computer, Fast Forward Commercial Excellence

Имате ли прашања за нас или за нашите производи?

 Контактирајте нè и ќе ви помогнеме!

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба