Einfamilienhaus Mia, V11; Engobe basalt

Вредности и предности на косите покриви

Старите Римјани велеле дека за вкусовите не се расправа. Во нашата дејност тоа значи дека на некои луѓе повеќе им се допаѓаат косите, а на други рамните покриви. И, да, вкус си е вкус –  но, за техничките факти и тоа како треба да се расправа. 

Во минатиот блог-пост пишувавме зошто косите покриви со нивните карактеристики се попогодни за нашето поднебје. Во овој решивме да поминеме низ техничките вредности, односно предности на косите покриви од ќерамиди. 

Image
Вентилација на кос покрив

1. Добра вентилација. Празнината за вентилација кај косиот покрив (на сликата) помага да се изнесе влагата од покривот и спречува акумулација на кондензација.

2. Отпорност на пожар. Со кос покрив од ќерамиди, штетата што може да ја предизвика пожар значително се ублажува поради силната отпорност на глинените ќерамиди на многу високи температури. Глинените покривни ќерамиди, какви што се нашите Tondach, се класифицирани како А1 од страна на Европската комисија, што е најдобрата постоечка класа на отпорност на пожар.

3. Отпор на ветер. Отпорот на косиот покрив со глинени ќерамиди при силни ветрови е добар начин за заштита од оштетување.

4. Лесно одржување. Куќата со кос покрив е издржлива и лесна за одржување. Повремено, компонентите на куќата ќе треба да се проверуваат. Кај косиот покрив, лесно е да се изврши замена на градежните елементи. Надворешниот дренажен систем е исто така едноставен за одржување, затоа што проблемите лесно се воочуваат.

Tondach покрив
Tondach покрив

5. Акустичка изолација. Бучавата има големо влијание врз удобноста при домувањето. Уште повеќе во урбаните средини, каде најчесто сообраќајот е густ. Добро дизајнираниот и изведен кос покрив обезбедува одлична звучна изолација благодарение на неговата комбинација на материјали што апсорбираат звук. Косиот покрив им овозможува на сопствениците да спијат мирно дури и при обилни врнежи.

6. Совршено практично. Структурниот дизајн на косиот покрив со себе носи многу практични предности кои помагаат во намалување на штетите и трошоците. За разлика од рамниот покрив, на косиот нема каде да се собира застоена вода и не постои опасност од продирање низ ѕидовите на куќата. Слично на тоа, водоотпорната изолација на косиот покрив не е ранлива на оштетувања предизвикани од застојана вода, влага или вегетација со корени кои можат да му наштетат на рамниот покрив.

Покривни прозорци Tondach
Покривни прозорци Tondach

7. Нека има светлина. Косиот покрив е природен собирач на сончева светлина. Исто така, претставува одлична основа на која се инсталираат фотоволтаични модули. Со кос покрив, нема да биде неопходно да се користат незгодни елементи за монтирање, бидејќи тие цврсто ќе се вклопат на покривот без нив. Со поставување на покривни прозорци на косиот покрив, пак, ќе можете да пропуштите сончева светлина во потпокривниот простор и да создадете топол и светол простор за живеење под покривот.

8. Силно под снегот. Острите коси покриви не само што можат да издржат обилни снежни врнежи, туку нивната форма претставува и природен систем за чистење со лизгање и топење на снегот од нивните страни. За сопственикот, ова значи дека нема да има потреба во длабоката зима да се качува на покривот и рачно да го исчисти напластениот снег. 

blog wb
blog saveti
email, chat and telephone symbols

За цени и набавка

Контактирајте ги нашите комерцијални претставници

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба